1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грчките земјоделци ја заобиколуваат трговијата

Трговијата на големо на грчките земјоделци им плаќа дампиншки цени за откуп на компирите. Земјоделците реагираат со директна продажба-по цена на производството. Така користи и осиромашениот народ.

gedränge an markt in athen am syntagma platz , foto: rtr (eingestellt von sc,übung)

markt athen griechenland

Започна во мал град на северот на Грција, а во меѓувреме акцијата стигна дури и до Атина. Земјоделците ги продаваат компирите по цена на чинење директно на осиромашениот народ. Така, килограм компири чини 25 центи, додека во супермаркет е трипати поскап.

„Овде сум зашто сакам да му помогнам на семејството. Дома сме петмина луѓе без работа“, објаснува еден купувач.

Користат и земјоделците

Директната продажба не е поволна само за потрошувачите, туку и за земјоделците. Така барем не прават загуби. Големотрговците им плаќаат само 10 до 12 центи за килограм компири, дампиншка цена, која не ги покрива ни трошоците на производство.

„Сакам да ги поддржам нашите земјоделци од повеќе причини. Мора да се вратиме на обработка на земјата, а на земјоделците им треба поттик за тоа“, вели една постара Гркинка.

Грците добро ја примија акцијата со директна продажба компири. Некои потрошувачки групи во меѓувреме се обидуваат да ги заинтересираат за идејата и производителите на други земјоделски продукти.

Прилогот можете да го погледнет и како Видео на денот!

Автор: Ева Симон/ Ж.Ацеска

Редактор: Симе Недевски