1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грчкиот херој и натаму активен во политиката

Грчкиот национален херој Манолис Глезос и на 90-годишна возраст е активен во домашната политика. Познатиот антифашист и натаму се бори за социјална правда и подобар живот на неговите сограѓани.

Ова тој го доживува секојдневно. Му приоѓаат непознати луѓе, го поздравуваат националниот херој Манолис Глезос. А тој потоа објаснува како било тогаш - масовни гробници за десетици илјади луѓе кои умреле од глад или студ и за оние, кои биле погубени за време на германската окупација.

„Овде почиваат само оние, кои беа егзекутирани во Атина помеѓу први мај и седумнаесетти август четириесет и четврта“, вели Манолис Глезос.

Речиси илјада и петстотини само во тој период, меѓу нив и неговиот брат.

Манолис Глезос го сметаат за нескршлив. Сите го ставаа в затвор: германските и италијанските окупатори, но и Грците - фашистички колаборационисти, десно ориентирани влади. Кратко по војната веќе бил ископан и неговиот гроб, но командантот ја откажал егзекуцијата поради многу протести.

Вечен левичар

Манолис отсекогаш бил левичар, порано во Комунистичката партија. Сега е член на радикалната левица Сириза на Алексис Ципрас, оти таа не е толку авторитарна и доктринерна (како Комунистичката партија). За Сириза се

Griechenland Syriza Alexis Tsipras

Алексис Ципрас

кандидираше и беше избран во парламентот.

„Манолис е симбол дека левицата ги надминува сопствените рамки. Тој е херој на нацијата и поради тоа не зборува само во име на левицата, туку на целиот народ“, вели Ципрас.

Тој стана национален херој оти во 1941 го симна нацистичкото знаме од Акропол. Речиси секој грчки ученик кога и да е ја црта таа сцена. Манолис тогаш имаше 18 години и за прв пат отиде в затвор. Беше осуден на смрт, но поради тешка туберкулоза не беше егзекутиран.

Нескршливиот одби за снимање уште еднаш да оди на Акропол. Вели, не сакам да бидам сведен на таа акција, јас сум повеќе од тоа.

Геологија наместо комунизам

Наместо тоа, покажува чекан - не, тој не е за комунизмот; тој е почесен доктор по геологија, една од неговите страсти. Освен тоа, се занимавал и со јазици, бил и градоначалник. направил толку многу различни работи, за да го исполни заветот на своите другари со сите нивни идеи за иднината, кои починале во

Griechenland Ausschreitungen in Patras

Протести во Грција

неговите раце.

Во март пред две години, Манолис беше на чело на едни демонстрации против новите одлуки за штедење. На цела Грција, и на неговите политички противници, им застана здивот кога полицаец од најнепосредна близина го онеспособи прскајќи го со гас.

Манолис мораше да биде однесен. Тој не поднесе пријава, туку уште в болница разговараше со младиот полицаец.

Разговори воопшто: во Москва во 1963 му рече на тогашниот советски водач Никита Хрушчов дека комунизмот, според него, значи владеење на народот, но во Русија не е така.

На молбата за фотографии од младоста Манолис стана многу сериозен. Излезе од собата и се врати со една рамка во рацете. Ова, вели, е постава од капата на брат ми.

Во парламент и на 90 години

На 10 мај четириесет и четврта тој напишал: Драга мајко, денес одам да ме егзекутираат. Умирам за грчкиот народ. Колку што е тажен, Манолис е исто толку горд што брат му не напишал „ќе ме водат“, туку „одам да ме егзекутираат“. Горд и нескршлив, тоа секогаш остана негов став. И кога бил мачен и му ги скршиле

нозете.

„Немам проблем со германскиот народ. Но, би сакал да ја прашам сојузната канцеларка Ангела Меркел зошто ни го направи сево ова, дали е тоа одмазда за отпорот што го дававме тогаш?“, се прашува Манолис Глезос.

Пратеничкиот мандат трае 4 години. Манолис е сигурен дека ќе издржи, иако во септември полни 90 години.