1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грчкиот ремен уште постегнат

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска го обелодени бранот мерки на штедење, кои на државата треба да и` донесат добивка од 4,8 милијарди евра. Папандреу истовремено нагласи дека очекува солидарност од ЕУ.

default

Новите мерки треба да и` донесат на Грција 4.8 милијарди евра

Замрзнување на пензиите во државниот сектор за оваа година, кастрење на бонусите на патите на државните службеници, зголемување на ДДВ од 19 на 21 отсто, зголемување на данокот на луксузни стоки и зголемување на границата за пензионирање од 65 на 67 години - ова се дел од новите строги мерки за воспоставување финансиска дисциплина, што ги најави грчкиот премиер Јоргос Папандреу по кризната седница на владата во Атина.

„Во битка сме со времето за да ги обезбедиме средствата за отплаќање на државните долгови, битка со времето да докажаме дека можеме да се справиме со оваа криза“, истакна портпарол на грчката влада во телевизиското обраќање до граѓаните.

Европската унија е на потег

Griechenland Finanzkrise Ministerpräsident George Papandreou

Јоргос Папандреу не ја исклучува можноста да се обрати до ММФ

Новиот бран мерки се спроведени по притисокот што го изврши ЕУ во понеделникот, кога еврокомесарот за монетарни прашања Оли Рен беше во посета на Атина. Папандреу не ја испушти можноста денеска да одговори на притисокот на ЕУ. Според него, по спроведените мерки, сега ја очекува и солидарноста од страна на Унијата. Во спротивно, Папандреу не ја исклучи и можноста земјата да се обрати за помош до Меѓународниот монетарен фонд.

Портпарол на германската влада денеска ги поздрави мерките што ги најави грчкиот премиер, истовремено истакнувајќи дека германската канцеларка Ангела Меркел нема да му понуди финансиска помош на средбата што треба да се одржи в петок, во Берлин. За плановите на Франција околу евентуалната помош за Грција се` уште нема официјална изјава. По средбата со Меркел, Папандреу в недела ќе се сретне и со францускиот претседател Никола Саркози, во Париз. Во последниве денови кружат шпекулации дека Германија и Франција планираат на некаков начин финансиски да и` помогнат на Грција.

Автор: ТТ/ЕМФ/афпе/апе/миа/

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина