1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грчкиот премиер и идниот министер за финансии во болница

Грчкиот премиер Андонис Самарас е опериран на деснто око, додека идниот министер за финансии Василис Рапанос е во болница поради исцрпеност или вирус.

Првиот човек на грчката влада Андонис Самарас по денешната (23.06) операција на очната ретина ќе остане во болница до утре. За состојбата на неговото здравје е најавена прес-конференција во текот на денот.

Новиот министер за финансии Василис Рапанос пак, во болница бил пренесен поради големи болки во долниот дел на стомакот, вртоглавица, потење и чувство на исцрпеност. Според приватната клиника кадешто е сместен, неговата состојба е „многу задоволителна“. Други детали за здравјето на 65-годишниот Рапанос не се дадени. Топ-банкарот беше номиниран за нов министер за финансии во четвртокот (21.06) и вчеравечер (22.06) требаше да положи заклетва на новата функција, но само неколку часа претходно заврши во болница.