1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грчкиот колапс го „стресе“ Берлин

Првите луѓе на ММФ и ЕЦБ, кои денеска се во Берлин, заедно со германскиот државен врв треба да ја дадат насокатa за финансискиот спас на Грција.

default

Финансискиот колапс на Грција предизвика турбуленции не само на берзите, туку и во германскиот главен град, каде денеска престојува водечката гарнитура на светските финансиски институции. Иако првите консултации за спасот на Грција претпладнево канцеларот Ангела Меркел ги имаше со своите министри, големи новини околу германскиот удел во кредитите за Грција до сега нема. Главно работите останува да се договорат на вечерашнава средба (28.04.10) на канцеларот Меркел со претставниците на ММФ и Европската централна банка. Заменикот портпарол на владата Сабине Хајмбах само ги повтори веќе познатите факти: „Во Грција се одвиваат преговорите со мисијата на ММФ, Европската централна банка и Европската комисија. Целта на германската влада и државите од еврозоната е да се обезбеди траен, долгорочен и поднослив реформски пакет, со кој Грција ќе излезе од кризата“.

Griechenland / Euro / Kollage / NO-FLASH

Ќе бидат ли 45 милијарди евра доволно за спас на банкротираната Грција?

Ќе се чека оценката од ММФ

На забелешките упатени на адреса на германската страна дека е нејасно дали ќе се вклучи во помошта или не, Хајмбах категорично подвлече дека е се’ јасно. Владата секогаш заеднички со другите држави од еврозоната се усогласуваше за стабилноста на еврото. Секогаш имало координација.

Новина е што и’ канцеларот Меркел го дели ставот на министерот Волфганг Шојбле дека помошта треба да биде државна, а не како што сугерираат некои, во неа да се вклучат и приватни финансиери. Активирањето на германскиот кредит ќе зависи од вреднувањата на ММФ. Иако не целосно официјално, најавено е дека најверојатно в понеделник кабинетот ќе го усвои потребниот закон за задолжителните гаранции. Потоа би следела расправа по брза постапка во Бундестагот и Законот на 7 мај би можел да стигне во Бундесратот за усвојување.

Инаку во пакетот од 45 милијарди евра Германија треба да учествува со 28 проценти или 8,4 милијарди. Грција мора да приложи програма за штедење за наредната и 2012 година. Грција ќе мора кредитот да го врати со камата од 3 проценти за средствата од ММФ и 5 проценти на земјите од еврозоната.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM