1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија - мојата приказна

Грчка миграција: Порано гастарбајтери, денес академци

По 1960. година многу грчки гастарбајтери дојдоа во Германија. Денес таа се‘ повеќе ги привлекува факултетски образуваните Грци поради драматичната економска криза во татковината.

Родителите на Костас Димитриу се дојдени во Германија како гастарбајтери.„Моите родители, како и многу други Грци, сакале во Германија да заработат пари. Првите грчки гастарбајтери планирале да останат две до три години, да заштедат пари и потоа да се вратат кај своите семејства“, објаснува Димитриу. Многу од нив останале тука, како и родителите на Костас Димитриу, кој денес е претседател на Сојузот на грчки здруженија во Германија (ОЕК).

Од средината на 1950-тите Сојузна Република Германија склучи повеќе договори, главно со јужноевропските земји, за да ангажира странска работна сила за германските компании. Првиот договор беше потпишан со Италија во 1955. година, а на 30.03.1960. година и со Грција.

Незабележително малцинство

По потпишувањето на билатералните договори дојде странска работна сила во Германија, која била директно регрутирана во бироата за вработување во земјите испраќачи. По неколку години работа тие требало повторно да се вратат во своите земји. Сепак ова не се случило- гастарбајтерите останале и се’ повеќе се населувале во Германија. И покрај принципот на ротација, кој предвидувал странските работници по неколку години да бидат заменети со нови сонародници, работодавачите ги охрабрувале своите странски вработени да останат, бидејќи со вклучувањето во работниот процес работната сила стануваше поскапа.

Lebensmittelgeschäft Grieche Griechisch Griechenland Zuwanderer Bahnhofsviertel Kiosk Frankfurt am Main

Од 70-те: Продавница за грчки производи во Франкфурт на Мајна

Миграциската приказна на многу Грци се промени, бидејќи тие основаа семејства и добија деца. „Децата одеа на училиште во Германија, контактот со Грција беше одржуван за време на одморот, но средиштето на животот се префрли во Германија“, објаснува Костас Димитриу. Грчката доселеничка заедница во Германија едвај се забележуваше, затоа ја означуваа како „незабележително малцинство“, кажува претседателот на Грчките заедници во Германија. Подготвеноста на Грците да се интегрираат, според Костас Димитриу, се должи на два фактора: „Тоа се долгата традиција на миграција на Грците и училишниот успех на грчките деца. Високите очекувања на грчките семејства за образовни успеси на децата играат голема улога во процесот на интеграција“.

Мигрантите се борат за демократија

Клучна фаза за грчката миграциска историја беше времето на воената диктатура (1967-1974). Грчките заедници и организациите во странство воделе активна кампања за демократија. Многу демократски грчки политичари беа во потрага на прибежиште во Сојузна Република Германија, за да продолжат со отпорот против воената диктатура, на пример подоцнежниот премиер Костас Симитис. Борец на отпорот против воената диктатура исто така беше и сегашниот претседател на Грција, Каролос Папуљас, кој во тоа време неколку години работеше во грчката редакција на Дојче веле.

Најголем број грчки државјани на работа во Германија е забележан во 1973. година. Таа година растечката невработеност во Западна Германија доведе до стопирање на понудата на нови работни места и затворање кон странство на пазарот на работна сила. Покрај тоа беа донесувани се’ повеќе закони кои требаше да водат кон враќање на странските работници во нивните татковини. На пример, постоеја одредби за рокови за чекање на пазарот на труд за членовите на семејствата кои подоцна се доселиле во Германија. Меѓу 1973. и 1975. година порасна бројот на Грци кои повторно од Германија се вратија во својата татковина.

Во 1980. година Грција стана членка на ЕУ и од 1987. година стапи на сила законот за „слободно движење“ на грчките граѓани во ЕУ. „Повеќе од 100.000 нови грчки мигранти дојдоа за кратко време меѓу 1987. и 1997. година во Германија“, се потсетува Костас Димитриу. „Но, не беа сите обични работници или неквалификуван работен кадар, туку дојдоа и многу научници и академци во Германија“.

Помеѓу враќање и останување

Поради растечката масовна невработеност во 80-тите години политиката сакаше да го намали процентот на странци во земјата. 1983-тата беше усвоен „Законот за охрабрување на подготвеноста за враќање во матичните земји на странските работници“, кој требаше активно да го поттикне враќањето. Околу 300.000 странски работници (7 проценти од странците кои живееле во Германија во 1984) ја искористија оваа понуда и ја напуштија земјата.

За сојузната влада ова беше еден од начините да го намали процентот на странско население и да ги косолидира системите за социјално осигурување, бидејќи уделот на работодавачот во пензиските придонеси, во случајот на мигрантите кои се вратиле во своите земји, остануваше кај осигурителните фондови.

По 1997. година бројот на Грци кои живеат во Германија се намали поради природниот процес на стареење на населението и стагнацијата на доселувањето. Многу од првите гастербајтери ги префрлија своите пензии и се вратија во Грција.

Во време на кризата повторно доаѓаат многу Грци во Германија

Frau mit griechischen Farben bei Fußball-EM 2012 Warschau Polen Grexit

Поради кризата се’ повеќе млади Грци си ја бараат среќата во Германија

Од 2009. година економската криза во Грција стана забележлива. Поради тоа повторно многу Грци ги напуштија своите домови за да си ја испробаат среќата во Германија. Ова главно вклучува академци, но и поранешни гастарбајтери кои се враќаат назад во Германија, како и неквалификувани работници. Грчките организации во Германија секојдневно добиваат илјадници јавувања и прашања од заинтересирани - тоа сега е секојдневие на Костас Димитриу: „Многу од нив очајнички бараат работа. Искуството покажува дека повеќето од доселениците се добро обучени, па ова секако ја олеснува нивната интеграција на германскиот пазар на труд“.

Портрети на успешни Грци во Германија

Гледај видео 04:53

Јанис Андруцопулос, лингвист

Гледај видео 03:58

Деспина Казанциду, информатичар, води ИТ фирма

Гледај видео 04:24

Дафнис Кокинос - балетан и кореограф

Гледај видео 04:50

Ламбис Тасакос - инженерот „им дава очи на роботите“

Гледај видео 04:40

Христос Јанопулос - успешен писател

Аудио и видео прилози на оваа тема