1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грчката економија во поголема рецесија од предвидената

Освен поголемиот пад на БДП за годинава, грчката централна банка предвидува и дополнително зголемување на бројот на невработени во земјата.

Разнишната грчка економија годинава ќе забележи поголем пад од првично предвидениот, соопшти централната банка во Атина, по ревизијата на првично утврдените прогнози. Според првиот човек на банката, Јорго Провопулос, грчкиот БДП годинава ќе падне за 5 проценти, наспроти претходно најавените 4,5 отсто. Минатата година БДП се намали за 6,9 проценти.

Грчкиот гувернер предвидува и натамошен раст на невработеноста во земјата, која во тековната 2012. година ќе надмине 19 проценти, во споредба со минатогодишната стапка од 17,7 отсто.

Провопулос повика на целосно спроведување на потребните економски мерки веднаш по одржувањето на парламентарните избори во земјата закажани за 6. мај, или во спротивно предупреди дека ќе паднат во вода сите досегашни мерки преземени во рамките на реформските пакети.

Провопулос побара и усвојување на приватизациски пакет со кој во земјата би се инвестирале околу 19 милијарди евра до 2015. година, како и рекапитализација на банките кои претрпеа големи загуби поради кризата.

„Депозитите во приватните банки паднале за преку 70 милијарди евра од крајот на 2009. до февруари 2012. година. Враќањето на довербата би можело да доведе до враќање и на околу 10 до 15 милијарди евра во депозити“, рече Провопулос.