1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грчката дијаспора го брифира Нимиц

Членови на грчката Пан-македонска организација од САД во Њујорк се сретнале со медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц, за да го информираат за „скопската пропаганда“ кон Атина.

default

Метју Нимиц

Средбата, како што јавува агенцијата АНА-МПА, била во рамки на обидите на организацијата за спречување на „негативниот развој“ во разговорите за името.

На Нимиц му биле прикажани видео и други материјали што ја докажувале тезата на организацијата за „скопската пропаганда“. Нимиц, како што се наведува, бил „особено загрижен“ гледајќи го таквиот материјал, а подоцна во информацијата стои дека „господинот Нимиц избегнал да искаже каков било став и ги сослушал гледиштата на двете страни“.

Членовите на организацијата го соопштиле и ставот дека „не му одобруваат на ниту еден политичар доделување на имињата 'македонски' и 'Македонија' преку прифаќање на сложено име со географска одредница во конечното име на ПЈРМ“. Средбата на Пан-македонската организација со медијаторот Нимиц доаѓа пред неговата најавена посета на Скопје и Атина на 20-ти, односно 22-ри февруари.

Автор: ЖА/АМ/макфакс

Редактор: Б. Георгиевски