1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грчката влада најави решителен одговор против насилниците

Силите за безбедност се подготвуваат за евентуална нова ескалација на насилствата. За попладне е закажан погребот на убиеното 15-годишно момче.

default

Трет ден безредија: запалено возило пред зданието на универзитетот во Атина

Три дена по големите немири во Грција, предизвикани од убиството на едно 15-годишно момче од страна на полицијата, силите за безбедност се подготвуваат за можноста од натамошна ескалација. По серијата синоќешни насилства, ситуацијата во главниот град Атина од утрината е прилично стабилна. Телевизиите емитуваат снимки на кои се прикажуваат првите автомобили кои се движат по централниот плоштад Синтагма во главниот град. За денеска попладне е закажан погребот на 15-годишниот Алексис Григоропулос, кој беше убиен од полицијата во саботата. Како реакција на неговото убиство, дојде до масовни демонстрации во речиси сите поголеми градови во Грција.

Полицијата во Атина во синоќешните демонстрации уапсила 87 лица. Се јавува за дванаесет повредени полицајци. Премиерот Костас Караманлис по кризната средба со претседателот Каролос Папуљас најави решителни мерки против насилниците. Тој предупреди дека никој нема право да го искорити трагичниот настан како алиби за акции на насилство против недолжни луѓе, против општеството и демократијата. Според Караманлис целта на актите на екстремистите не е ништо поинаку туку насилство.

Кризна средба за актуелните случувања

Премиерот, претседателот и опозицијата во текот на денов ќе разговараат за актуелните случувања. Лидерот на социјалистите, Јоргос Папандреу, во меѓувреме изјави дека низ улиците на земјата тагува една цела генерација. Тој повика на мирни протести против, како што рече, „насилството на државата“. Во знак на жалост за убиеното момче, училиштата и универзитетите денеска ќе бидат затворени. Двајцата полицајци осомничени за неговото убиство се во притвор.