1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грчката влада има листа со желби за помало штедење

Новата грчка влада сака нови преговори за дел од мерките од пакетот за штедење и денеска (23.06) објави листа со желби за промени.

На листата на грчката влада со теми за кои треба потворно да се преговара, се и укинување на дел од днаоците и повторно воведување на скратените социјални услуги за граѓаните кои имаат мала заработувачка.

Пред одржувањето на изборите, коалиционите партии Нова демократија и ПАСОК минатата недела најавија дека генерално ќе се држат до програмата за штедење, но дека сакаат наново да преговараат со меѓународните кредитори за дел од мерките.

Во меѓувреме, од Германија доаѓаат ставови дека платите во Грција треба и натаму да се намалуваат. Економскиот експерт Клаудија Бух, која е една од петтемина таканаречени економски мудерци кои ја советуваат германската влада, изјави дека е убедена оти на граѓаните во Грција им претстојат уште кратења. „Платите се превисоки во споредба со актуелното економско постигнување на грчката економија“, изјави Бух за денешен „Зидвест Пресе“. Таквите кратења ќе бидат неопходни дури и ако Грција ја напушти еврозоната. „Структурните реформи се болни за грчкото население, но тие ќе дојдат вака или онака, за стопанството да почне да бележи пораст“, вели професорката Клаудија Бух.