1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грчката влада ги одобри мерките за штедење

Грчката влада ги одобри мерките за штедење побарани од кредиторите од ЕУ и ММФ, откако премиерот Пападимос предупреди дека неуспехот на договорот може да предизвика „неконтролиран хаос“.

„Одобрено е!“, рече министер кој учествувал на состанокот. Нацрт законот в недела треба да се гласа во грчкиот парламент, што би ја однело Грција еден чекор поблиску до добивање на заемот. Но, ЕУ сака Грција да скрати дополнителни 325 милиони евра трошоци и партиските лидери на писмено да потврдат дека бараните реформи ќе бидат применети.

Euro / Schuldenkrise / Griechenland / Münze

Неизвесно е да дали грчкиот Парламент ќе даде зелено светло за пакетот мерки за штедење

Сепак, владината коалиција, погодена во петокот од бегање на партиски членови, успеа да ги одобри мерките за стегање на појасот. Чекор кој уследи во време кога на улиците имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата, на почетокот од дводневниот генерален штрајк. Имено шест членови на владината коалиција вчера си дадоа оставки во знак на протест за новите кратења. Премиерот Лукас Пападимос рече дека тоа може да ја однесе земјата во „опасна авантура“.

„Тоа ќе создаде услови за неконтролиран економски хаос и социјална експлозија“, рече Пападимос додавајќи дека „порано или подоцна Грција може да биде извадена од еврото“ и нагласи дека „сега е време на историска одговорност на грчките политичари“.

Социјалисти и конзервативци против мерките за штедење

Така, останатите членови на кабинетот во доцните ноќни часови едногласно го одобрија договорот за намалување на долгот и за мерките на штедење. А, од владата заминаа четирите члена од десничарската ЛАОС, како и министерот за

Protest gegen Sparmaßnahmen in Griechenland

Протестите продолжуваат

труд и асистентот-министер за надворешни работи, кои доаѓаат од редовите на социјалистите.

Најмалку пет социјалисти и конзервативци јавно изјавија дека ќе гласаат против мерките за штедење, а лидерот на ЛАОС Јоргос Караџаферис рече дека и неговите 16 пратеници ќе гласаат против.

Во меѓувреме во Грција продолжуваат протестите против мерките за штедење. Во вчерашниот судир меѓу демонстрантите и полицијата десет лица беа повредени, од кои осуммина полицајци. Шест демонстранти беа приведени.

Автор: Александар Методијев /ројтерс/афп

Редактор: Александра Трајковска