1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грчката амбасадорка жали за инцидентот

Амбасадорката на Грција во Македонија Александра Пападопулу ги осуди националистичките и расистички скандирања на воената парада во Атина. Таа денеска (29.03.2010) беше повикана во македонското МНР.

default

Скопје упати официјална протестна нота до Грција -грчката амбасадорка Александра Пападопулу

Заменик министерот Зоран Петров и‘ искажа протест на амбасадорката на Грција во Македонија, Александра Пападопулу и побара формално извинување.

„Ова е изолиран инцидент и не треба да се сфати надвор од неговите пропорции. Тој треба да биде осуден и е осуден. Тој не ги претставува грчкиот народ и ставот на грчкиот народ, менталитетот и ставот на Грците. Затоа ве молам, не давајте му поголеми размери на овој изолиран инцидент. Тој не треба да се искористи и за политички или други слични цели, бидејќи тоа нема да помогне“, изјави Пападопулу по средбата со Петров.


Инцидент на воената парада

„Тие се Скопјани, тие се Албанци, ќе си направам нова облека од нивната кожа“, извикувале меѓу другото грчките војници на воената парада во четвртокот во Атина по повод националниот празник на Грција.

Едницата која го предизвикала инцидентот, според амбасадорката Пападопулу, не била дел од армиските сили, туку од крајбрежната стража. Ресорниот министер за јавен ред и заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис веќе презел соодветни мерки за да се истражат околностите за инцидентот, како и да се идентификуваат лицата кои се одговорни. Штом тоа се заврши, лицата кои го сториле тоа ќе бидат соодветно казнети, најави Пападопулу, додавајќи оти одговорниот офицер на единицата веќе е ослободен од должноста.

Автор: ЖА/ГЧ/миа

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM