1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција jа заокружува усната расправа во Хаг

Со настапот на грчкиот тим пред Меѓународниот суд на правдата, денеска (30.03.2011) финишира вториот и последен круг од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција. Конечната пресуда се очекува наесен.

default

Македонскиот тим во Хаг

Во Меѓународнот суд на правдата во Хаг денеска се одржува последното рочиште од усното соочување меѓу Македонија и Грција по тужбата во врска со прекршувањето на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји во 1995 година. Грчката страна треба да го даде својот против-одговор на одговорот на македонската страна.

Според досега изнесените контра-аргументи во писмените поднесоци и во првиот дел од усната расправа, Грција бара од Судот да се прогласи за ненадлежен во врска со овој предмет, бидејќи смета, оти во прашање е одлука на НАТО. Но, и дека доколку донесе одлука ќе се вмеша во политичкиот процес за решавање на разликите за името. Притоа се инсистира дека Грција не ставила вето на Самитот на НАТО во Букурешт 2008 за покана за членство на Македонија во Алијансата, туку тоа било одлука донесена со консензус на членките на организацијата.

Anhörung zum Namensstreit zwischen Mazedonien und Griechenland vor Internationalem Gerichtshof in Den Haag

Од почетокот на усната расправа на македонската делегација

Македонија бара јасна пресуда

Македонскиот козастапник пред МСП и амбасадор во Холандија Никола Димитров во завршното обраќање пред Судот истакна дека Македонија бара јасна пресуда што ќе ја обнови правната стабилност и ќе потврди дека тоа што еднаш е договорено не смее да се користи за да се добие предност по прашањето за името.

„Ако Судот донесе пресуда во наша корист, двете страни ќе го имаат истиот товар и поттик да продолжат со преговорите за да ги надминат разликите околу името на мојата земја “, рече Димитров. И министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчера истакна дека очекува одлуката да биде почитувана од двете земји, кои веќе ја признале надлежноста на судот во однос на предметот. Надлежноста на Меѓународниот суд на правдата за тужбата на Македонија против Грција е неспорна, изјави шефот на македонската дипломатија.

Автор:СН/миа/макфакс

Редактор: Симе Недевски

DW.COM