1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција ќе тера по старо, Европа ќе дава пари

Кога на следниот самит на ЕУ во октомври ќе се отвори прашањето за опстанокот на Грција во еврозоната, улога нема да игра само големата европска идеја, туку и прашањето: Колку ќе чини тоа?

Постојат аргументи и „за“ и „против“ излегување на Грција од еврозоната. Факт е дека земјата не ги исполни договорените обврски со кредиторите. Доколку еврокризата е и криза на довербата, тогаш дел од таа доверба може да се поврати доколку инвеститорите ја запрат помошта за Грција.

Од друга страна, Атина не може да ги исполни условите кога економијата и’ тоне поради ригидната политика на штедење и запаѓа во се’ подлабока рецесија. Зарем не треба да и’ се даде шанса на новата влада да ги спроведе своите реформски зафати?

При размислувањата, дали на Грција уште еднаш да и’ се помогне или да се остави да потоне, доминантното прашање е секако - дали може да се менаџира грчкиот излез од еврозоната? Доколку ги прашате експертите ќе добиете различни мислења, но сите ќе се согласат дека е тешко да се предвиди нешто што досега не се случило.

На пример, „пророкот на пропаста“ Макс Оте се надева дека ќе дојде до „грекзит“ - излез на Грција од еврозоната. За радиото Дојчландфунк тој вели:

„Тогаш европската политичка елита ќе сфати дека тоа и не е толку лошо.

Wirtschaftsprofessor Max Otte

Професорот по економија Макс Оте

Напротив, можеби пазарите веднаш ќе се смират“, вели Оте.

Од друга страна, економскиот експерт Волфганг Франц предупредува од можен распад на монетарната унија, доколку Грција излезе од еврозоната.

„Предвидливо е дека финансиските пазари веднаш ќе почнат да шпекулираат со тоа кој е следниот кандидат за напуштање на еврозоната“, изјави Франц за „Зидојче Цајтунг“.

Цената која ќе ја плати Германија

Што се однесува до трошоците, минхенскиот ИФО-институт пресмета дека Германија ќе се соочи со загуби од околу 82 милијарди евра доколку Грција го напушти еврото. Тоа за Германија е исто колку и нејзиниот удел во двата пакети за помош за Атина. Но, магазинот „Економист“ наведува и други трошоци. Ќе биде потребна итна помош за грчките граѓани во износ од околу 50 милијарди евра. Во него Германија би учествувала со околу 17 милијарди евра. Германските банки ќе мораат да избришат дел од грчките долгови, и веројатно повторно ќе мораат да бараат помош од државата. Се’ на се’, банкротот на Грција во тој случај Германија би ја чинел околу 120 милијарди евра, или околу 4,5 отсто од брутодомашниот производ.

Заклучок: Германија и другите држави веќе не мораат на Грција да и‘ дадат ниту цент, затоа што нејзиниот банкрот воопшто не би чинел многу?!

Непресметливи ризици за еврозоната

Но, има и друга страна на медалот. Со излегување на Грција би се загрозила целата конструкција на еврото, а шпекулациите за неговата иднина дури тогаш би се засилиле.

„Дури тогаш ќе започне вистинска лавина, која ќе биде многу опасна за монетарната унија“, предупредува Волфганг Франц.

Wolfgang Franz

Економскиот експерт Волфганг Франц

Во случај на паника на берзите, германската влада би морала да се согласи на сите инструменти кои досега ги отфрлаше, меѓу другите и издавање на еврообврзници, за кои германската канцеларка Ангела Меркел не сака да чуе додека е жива. Притоа, германската „челична лејди“ повеќе ќе нема никаква контрола врз буџетите на земјите должнички. Ризикот за германските даночни обврзници ќе се зголеми повеќекратно.

Оттука „Економист“ предлага, кога веќе е дојдена состојбата дотаму, тогаш од еврозоната да се исфрлат сите земји-должнички. Тоа ги вклучува и Ирска, Португалија, Шпанија и Кипар. Сметката за Германија, во тој случај, би изнесувала околу 385 милијарди евра, или 15-ина проценти од БДП.

Терај по старо!

За финансиски стабилната Германија, тоа и не би било така страшно. Но, проблемот има и друга димензија. Имено, која е гаранцијата дека инвеститорите нема целосно да ја загубат довербата во еврото. И второ, што со Италија, чии долгови надминуваат 120 проценти од домашниот БДП?

Оттука не е ни чудно што европските политичари се држат до основното сценарио, кое Макс Оте го опишува на следниот начин:

„Грција ќе направи некои козметички промени, а ние и натаму ќе даваме пари“. Таквата политика ќе продолжи и во текот на есента. Во меѓувреме, Европската централна банка ќе ги одржува Грците во живот.