1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција ќе остане без пари?

Рејтинг-агенцијата „Мудис“ предупреди дека политичкиот ќорсокак во Грција ја зголемува веројатноста земјата да излезе од еврозоната, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Според Мудис, „се зголемува веројатноста за некоординиран грчки банкрот“, пишува „Етнос“. Некоординиран банкрот би донесол масовно бегство на штедачите од банките, замрзнување на депозитите од владата, нова валута, која ќе ги обезвредни вложувањата, економски нереди и префрлување на одговорноста за финансирање и рекапитализирање на банките од европските монетарни институци врз грчките власти.

Актуелниот грчки вицепремиер Теодорос Пангалос изјави дека за шест недели земјата ќе остане без пари и не ќе може да ги исплати платите и пензиите. Во интервју за лондонски „Сандеј Телеграф“, тој вели дека е „многу исплашен од она што се случува" во неговата земја по парламентарите избори. Мнозинството луѓе се определија за една крајно чудна ментална конструкција, според која тие сакаат Грција да остане во ЕУ и во еврозоната, но не сакаат да ги платат минатите сметки и она што го потрошиле претходно, истакна Пангалос.

Велика Британија треба веќе да го планира излегувањето на Грција од еврозоната, пишуваат лондонските медиуми, реагирајќи на неуспехот на грчките партии да се договорот околу создавањето на коалициска влада.