1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција ќе го издава и Акропол

Презадолжената земја се одлучи за ваков чекор за да го пополни буџетот. Во Атина денеска нова рунда преговори со кредиторите. Штрајковите продолжуваат.

default

Акропол

Грција одлучи да дозволи експлоатација во рекламни цели на своите познати археолошки споменици и наоѓалишта, вклучувајќи го Акрополот, соопшти грчкото Министерство за култура. Иницијативата е остро критикувана во дел од јавноста и меѓу археолозите. Одлуката за „комерцијализација“ на Акрополот е донесена во момент кога презадолжената Грција се обидува да го наполни буџетот.

Од вчера во земјата повторно се претставници на меѓународните кредитори кои бараат намалување на буџетскиот дефицит.

Во земјата почна нов генерален штрајк на вработените во јавниот сектор.

Грција денеска е во информативен мрак поради штрајкот на новинарите во приватните и државните медиуми.

Автор: БГ/ АТ/ миа/ афп

Редактор: Ж. Ацеска

Поврзана содржина