1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција ја форсира приватизацијата и борбата против затајување данок

Грчката влада го забрзува темпото во спроведувањето на најважните реформи за да ги добие итно неопходните милијарди во државната каса. Се форсираат борбата против затајувањето данок и приватизацијата на државниот имот.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас вели дека борбата против затајувањето данок е највисок приоритет. „Ако некој биде фатен дека затајува данок, а има богатство, тогаш или ќе се спогоди со властите или ќе оди в затвор“, нагласи Стурнарас.

Министерот се надева дека до крајот на 2013 или почетокот на 2014 година грчката економија ќе почне повторно да се искачува нагоре. За атинскиот стопански весник „Имерисиа“, Стурнарас вчера рече дека наредните две години се апсолутно решавачки за тоа дали земјата ќе најде пат за излез од кризата.

Весникот „То Вима“ денеска (16.12) пишува дека Атина од приватизацијата на државниот имот очекува најмалку 15 милијарди евра, а тој износ може да се зголеми дури и до 25 милијарди. Што се однесува пак до затајувањето данок, ако нивото на затајување во Грција се сведе на европското ниво, државата може да се надева на дополнителни десет милијарди евра во буџетот. Поради тоа, како што пишува весникот „Катимерини“ во денешното издание, владата има намера да формира специјален совет кој најдоцна до март треба да предложи радикална реформа на даночниот систем во земјата.

Поврзана содржина