1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Грција ја критикува постапката на Керим во Њујорк

*

Грчкото министерство за надворешни работи го оцени како неприфатливо и провокативно однесувањето на македонскиот дипломат Срѓан Керим кој во својство на претседател на Генералното собрание на ОН вчера во Њујорк го најави говорот на Бранко Црвенковски претставувајќи го како претседател на Република Македонија . Со ваквото однесување Керим си нанесе неповратна штета на својот мандат и кедибилитет – се вели во денешното соопштение на министерството. Грчките медиуми јавија дека шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани за случувањата во Њујорк го информирала премиерот Костас Карамнлис . Скопје призна дека аргументацијата на Атина е исправна – изјави министерката за грчкото Сакј радио. Керим вчера го оправда својот потег истакнувајќи дека како претседател на Генералното Собрание треба да го почитува дигнитетот на секоја членка на ОН, вклучувајќи ја и неговата земја.