1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција чека спас

Преговорите кои се водат меѓу Атина, ММФ и ЕУ за финансиска помош од десетици милијарди евра за презадолжената Грција, треба да бидат завршени до недела.

default

Се чека денот за спас

Од владини кругови во Атина се дознава дека е многу блиску постигнувањето заедничко решение со Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, со кои Грција преговара повеќе од десет дена за финансиската помош во висина од 45 милијарди евра само за оваа година. Според информации од истите извори, ММФ бара од Грција сегашниот дефицит во буџетот од 13, 6 проценти од брутодомашниот производ до крајот на 2011 година да го намали за 3, 6 насто.

Кон условите за добивање на меѓународната финансиска помош за кои грчката влада преговара со претставниците на ММФ спаѓаат намалувањето на платите и на пензиите, кратење на работни места во јавните служби како и ново зголемување на даноците и цените.

Symbolbild Griechenland Finanzkrise

Дури тогаш кога финансиските експерти ќе го прифатат планот на грчката влада за штедење, со констатација дека помошта е неопходна, земјите од ЕУ ќе започнат со донесувањето национални закони за ослободување на патот на кредитите. Германија во помошта треба да учествува со 8,4 милијарди евра. Германската влада вложува напори до крајот на следната недела да биде усвоен неопходниот закон за германската помош, а се врши притисок да бидат вклучени и банките.

Proteste in Athen Griechenland

Протести во Атина

Пакетот помош за Грција ќе биде разработен уште следните денови, со што кризата ќе ги одмине другите земји на Унијата, најави денеска претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо. Портпарол на претседателот на еврогрупата, луксембуршкиот премиер Жан Клод Јункер, навести за претстојниот викенд телефонска конференција на министрите за финансии.

Тоа пак, што Грција мора да преземе уште подрастични мерки за штедење, во земјата предизвикува незадоволство. За следните денови се најавени протести, а во синоќешните, кои прераснаа во безредија, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/ртре/афп

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM