1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција: Успех со мани

Операцијата е завршена: Грција си ги откупи старите долгови и на тој начин може да ги намали државните долгови. На потег се донаторите кои треба да одлучуваат за ослободување на наредната транша од кредиот.

Грчката програма за откупување на државните обврзници, според официјални податоци, постигна вредност од 31,9 милијарди евра. За да ги привлече сопствениците на државните обврзници, Атина понуди повисоки цени од очекуваното. „Технички тоа е успех. Сега донаторите треба политички да го аминуваат“, изјави соработник на Министерството за финансии во Атина. Наместо да ги откупува хартиите за 28,2 проценти од нивната првична  вредност, Грција, спореди информации на атинските економски медиуми, понуди во просек 33,8 проценти од номиналната вредност. За да го заокружи овој процес на Атина ќе и‘ треба дополнилна милијарда евра.

Министрите за финансии на еврогрупата утре треба да одлучат од каде треба да дојдат дополнителните средства. Првично со 10,2 милијарди евра требаше да се откупат вкупно 30 милијарди евра долгови. Со откупот Атина ќе ги редуцира долговите за околу десет проценти од брутодомашниот производ. Планирани беа единаесет проценти. Успешно откупување на долговите од страна на грчката влада е предуслов за ослободување на наредната транша кредит за помош од евро-земјите и ММФ. Грција се надева дека брзо ќе и‘ бидат исплатени ветените кредити во вредност од 44 милијарди евра.

Првичниот рок за откуп на државните обврзнии беше минатиот петок, меѓутоа бидејќи Грција не собра доволно средства, операцијата беше продолжена до вторникот (11.12) напладне.