1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција тоне во нов бран штрајкови

Во Грција ескалираат протестите против поднесениот владин предлог закон за дополнителни рестрикции, што се очекува да биде ставен на гласање на 23 октомври.

default

Денеска (13.10) штрајкуваат вработените во јавниот транспорт, адвокатите ја запираат работата до 19. октомври, а се затвораат и вратите на државните болници. Општинските работници го блокираа пристапот до депониите, така што куповите отпадоци на улиците во Атина стануваат еколошка закана. Даночните инспектори, цариниците, учителите и банкарските службеници, исто така соопштија дека денеска и утре ќе штрајкуваат.

Музеите и археолошките наоѓалишта денеска остануваат затворени, бидејќи вработените во Министерството за култура ја прекинаа својата работа, заедно со вработените од најпознатата знаменитост во земјата - Акропол, затоа што пет месеци не добиле плата.

Двата најголеми синдиката во земјата соопштија дека организираат генерален штрајк на 19. октомври.

Утре на улиците ќе излезат и новинарите од државните медиуми. Со протести од утре почнуваат и таксистите, кои повторно ќе го кренат гласот против владиниот предлог закон за либерализирање на нивната професија.

Автор: АТ/ миа

Редактор: Е.М.Фиданоска