1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција: Скопје ја крши Времената спогодба и провоцира

Грчкото МНР обвинува за провокации: иредентистички барања, користење на името „Република Македонија“ во меѓународните организации и користење на симболи кои се дел од историското и културното наследство на Грција.

Сложено име со географска одредница за употреба во односите со секого е најдобра можна основа за изнаоѓање на чесен, взаемно корисен компромис кој нема да создаде победници и губитници , туку ќе ги постави темелите за развојот на здрави и стабилни билатерални односи врз основа на принципот на почитување на добрососедските односи, стои во соопштението на грчкото МНР, во кое се прави осврт на спорот за името со Македонија.

Според Атина, Грција сака да се изнајде взаемно прифатливо, јасно и дефинитивно решение за прашањето за името. Тоа треба да биде решение кое нема да создава тензии во иднина. Од грчкото МНР обвинуваат и дека на сите грчки иницијативи, земјата одговара со свежи провокации и цврсти ставови, наместо на својот сосед да гледа како на пријател кој сака да ја поддржи евро и евро-атланската перспектива на Македонија.

Како дел од ваквите провокации, официјална Атина ги наведува портретирањето на мапите во учебниците и историските книги за како што наведуваат „поголема Поранешна Југословенска Република Македонија“, потоа иредентистички барања и поттикнување националистичко чувство во Грција, користење на името „Република Македонија“ во меѓународните организации, и користењето на симболи кои се дел од историското и културното наследство на Грција.