1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција се тресе поради поврзаноста со Кипар

Кипар трепери, а Грција се тресе, бидејќи двете земји се економски многу блиски, па многумина Грци стравуваат за своите заштеди.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас ја повторува мантрата дека нема ризик за грчките штедачи и богаташи, иако нивните пари се во ќерка-фирма на една кипарска банка. И покрај тоа растат стравувањата во Грција поради зголемените турбуленции во островската република.

За возбудата се погрижи пред се’ одлуката од Брисел, со која им се наметна на Кипрани да ја платат сметката за спасувањето на некои од нивните банки, спротивно на претходните уверувања дека граѓаните во Европа не треба да се грижат за своите банкарски заштеди. Некои од Грците веруваат дека тие се следните, објаснува атинскиот економски новинар Костас Цупаропулос. „Такво кршење на табуата не можеше никој да си замисли“, вели Цупаропулос.

„Луѓето се шокирани“

Zypern Schuldenkrise Proteste Zwangsabgabe Rettungsdeal

Граѓаните му кажаа НЕ на данокот на банкарските депозити

Случувањата на Кипар шокираа многу луѓе и во Грција, бидејќи двете земји се тесно испреплетени, па затоа се предизвикува вознемиреност и во оваа земја. Филијалите на кипарските банки во Грција беа затворени по барање од Никозија, а од банкоматите кои функционираа е можно да се извадат 500 евра дневно.

Од февруари годинава од Кипар се излеале три милијарди евра. Експертите сметаат дека за тоа мора да постои причина. Поради страв од банкарски колапс многу грчки штедачи сакаат да ги донесат на сигурно своите пари и да ги испратат заштедите назад во Грција. Во минатите години тоа се одвиваше во обратен правец. По избивањето на грчката должничка криза на крајот од 2009 година милијарди евра се излеаја кон островската република преку ќерки-фирми на кипарските банки, кои се активни во Грција.

Парите се повлекуваат

Конкретни бројки не се познати. Новинарот Танасис Калфас информира за заштеди во висина во милијарди со двоцифрени суми.

„Денес сумата на странски заштеди на Кипар е околу 70 милијарди евра, што е шестпати повеќе од БДП“, вели Калфас.

Четириесет милијарди од нив доаѓаат од странство, а 80 проценти од оваа сума припаѓа на руски штедачи. Од Грција кон Кипар вкупно се одлеани до 16 милијарди евра. Одлуката на Брисел да експроприра дел од банкарските депозити на Кипар ги зголеми стравувањата во Грција за нови банкарски турбуленции, вели Калфас. Тој додава дека не е доволно убедително тоа што министрите за финансии објаснија дека данокот на банкарските депозити на Кипар ќе остане единствен случај. Калфас потсетува дека кога во 2011 година приватните кредитори требаа да избришат стотици милијарди евра долг, во Брисел беше речено дека нападот врз заштедените средства на граѓаните е случај кој нема да се повтори.

„Како Грција тогаш, така и Кипар сега ќе биде пробен балон за целата еврозона. Ако овој експеримент доведе до успех, според мое мислење би можел да биде применет во кое било време и во која било ЕУ-земја“, предупредува економскиот новинар.

Griechischer Finanzminister Yannis Stournaras

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас

Што е следно?

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас е исправен пред голем предизвик да се справи со три ќерки-банки на три кипарски финансиски институции. Стурнарас убедува дека нивните клиенти се исклучени од бриселскиот договор и нема да плаќаат дополнителен данок. Коалицијата во Атина би го поздравила преземањето од страна на некоја грчка банка на кредитните институти западнати во неволја, но засега ниту една приватна банка не се изјасни дека е подготвена за тоа.

Економскиот новинар Костас Цупаропулос смета дека со мерките за штедење многу луѓе ја имаат загубено довербата во еврото и европските институции. Тој смета дека довербата може да се поврати „ако малите штедачи бидат исклучени од принудниот данок, бидејќи тоа е најмалку што може да се очекува во ваков контекст“.