1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција се соочува со катастрофа од историски размери

Министрите за финансии од евро-зоната ја откажаа средбата на која требаше да биде одобрена следната транша за Грција. Според експертите, земјата ја очекува долг кошмар, сличен на Големата депресија во САД.

Трпението на ЕУ со Грција е при крај. За денеска закажаниот состанок на министрите за финансии од еврозоната е де-факто откажан и сведен на телефонска конференција, што е јасен сигнал дека повторно нема да биде одобрен пакетот од 130 милијарди евра помош со кој земјата треба да се спаси од банкрот.

Министрите од еврозоната соопштија дека владата во Атина не го исполнила целосно ветеното и не најавила како ќе заштеди дополнителни 325 милиони евра од буџетот во тековната година, ниту пак, сите партиски лидери во земјата го потпишале писмото со гаранции за Брисел.

Athen Krawalle

На протестите во неделата беа опожарени голем број објекти во Атина

Лидерот на конзервативната Нова Демократија, Андонис Самарас до синоќа ги немаше потпишано гаранциите, што дополнително ги разлути ЕУ министрите. Самарас и претходно ги критикуваше мерките за штедење, а викендов изјави дека дополнителниот пакет усвоен во парламентот би можел да ја турне земјата во уште поголема криза.

И додека времето за Грција полека истекува, претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој кој е во посета на Кина изјави дека сите сили се насочени кон одржување на постојниот формат од 17 земји-членки на еврозоната.

„Не ја потценувајте силната политичка волја за одбрана на еврозоната и пораката која ја испраќаме со тоа“, рече Ван Ромпој.

Во Атина, грчкиот кабинет до доцна синоќа дискутираше како да се заштедат дополнителните 325 милиони евра од буџетот за годинава, од кој претходно веќе беа скратени околу 3,3 милијарди. Но експертите предупредуваат дека земјата

Griechenland Streik und Proteste in Athen

Грците со месеци го изразуваат своето незадоволство

полека но сигурно тоне во бездна. Бруто домашниот производ веќе падна за 16 проценти, а новите мерки за штедење само ќе го зголемат падот. Премиерот Лукас Пападимос соопшти дека без мерките за штедење земјата ќе се соочи со катастрофа, но катастрофата е на повидок сеедно.

„На актуелниот пат, кој според мене не е одржлив, грчкиот БДП ќе падне за 25 до 30 проценти, што ќе биде историски преседан. Тоа е катастрофална криза“, вели Ури Дадуш од Карнеги институтот од САД. Тоа би ја ставило Грција во иста позиција како и САД за време на историската Голема депресија кога американската економија падна за 29 проценти.

„Кога би можело со некаква сигурност да се каже дека најлошото е зад нив, тогаш тоа би било прифатливо. Но тоа не може да се каже. Грците ги очекува долг кошмар“, вели Марк Вајсброт од Центарот за економски и политички истражувања од Вашингтон.

Автор: Борис Георгиевски/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска