1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција се противи на „македонското претседателство“ со СЕ

Остра реакција на Грција за употреба на името „Македонско претседателство 2010“ во периодот од мај до ноември оваа година кога Македонија ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа.

default

„Остра реакција на грчкото Министерство за надворешни работи предизвика намерата на Поранешната Југословенска Република Македонија да го искористи претстојното преземање на претседателството на Советот на Европа, за да промовира своите позиции во спорот со Атина за името“, објави електронското издание на грчкиот весник „Навтемборики".

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас изјави дека „раководството

Athen Panorama

Официјална Атина тврди дека „раководството на ФИРОМ“ по кој знае кој пат ги отежнува преговорите во рамките на ОН

на ФИРОМ“ по кој знае кој пат ги отежнува преговорите во рамките на ОН и практично ги отфрла напорите и иницијативите на Атина за создавање на позитивна клима меѓу двете земји.

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, вчера изјави дека земјата ќе го употребува името „Македонско претседателство 2010" во периодот од мај до ноември оваа година кога ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа.

„Таа одлука е веќе донесена и како што реков, драго ни‘ е што имаме почитување на тој став на македонската влада претседателството да биде, преведено на англиски ’Macedonian Chairmanship 2010’“, рече Милошоски.

Портпаролот Делавекурас истакна дека Грција е подготвена веднаш да продолжи со конечно решавање на спорот околу името со име со географска одредница за сеопфатна употреба. Тој нагласи дека грчкото Министерство за надворешни работи за случајот ги информирало меѓународните органи на Советот на Европа и другите земји-членки на организацијата.

Реакции на официјално Скопје: Грција да се соочи со реалноста и да не влегува во забранети зони

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ја повика Грција да се соочи со реалноста и да признае дека постојат и македонска држава и македонска нација. Коментирајќи ги грчките забелешки за одлуката Македонија да претседава со СЕ под името „Македонско

Mazedonischer Präsident Gjorge Ivanov in Berlin

Ѓорге Иванов ја повика Грција да се соочи со реалноста и да признае дека постојат и македонска држава и македонска нација

претседателство 2010“, Иванов изјави дека непризнавањето на македонскиот идентитет е проблем што ги оптоварува билатералните односи меѓу двете земји веќе две децении. Со противењето на употребата на името „Македонско претседателство 2010“ во однос на Советот на Европа, Грција влегува во забранета зона на индивидуални и национални права, изјави, пак, шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, кој додаде: „За жал, Грција со противењето на самиот наслов кој ние сметаме дека е прагматичен за претседавањето на Република Македонија со Советот на Европа, покажува дека нивните притисоци не завршуваат по однос на уставното има не Македонија, туку, за жал, одат чекор понатаму и влегуваат во една забранета зона на индивидуални и национални права на самоопределување и јазичен идентитет.“

Шефот на македонската дипломатија придавката „македонски“ ја оцени како идентитетски код на Македонија и како дел од наследството, културата и традицијата на земјата.

Автор: БГ/ЕМФ/миа/дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM