1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција се надева на попопустливи одлуки на Македонија

Претставувајќи ги во Вашингтон приоритетите на претстојното грчко претседателство со ЕУ, заменикот министер за развој , Нотис Митаракис, целата вина за спорот за името ја префрлил врз Македонија, јавува агенцијата МИА.

Грција во Вашингтон ги претстави приоритетите нa своето претседавање со ЕУ. Грчкиот заменик-министер за развој и конкурентност Нотис Митаракис во Вашингтон ги претстави приоритетите на грчкото притоа не спомена ниту збор за проширувањето на ЕУ, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Според Митаракис, Грција, која од 1 јануари го презема претседавањето со ЕУ во следните шест месеци, ќе се фокусира на прашања кои се од нејзин директен интерес - економскиот раст на ЕУ, статусот на илегалните имигранти и утврдување на поморските економски зони - пред сѐ во Кипар.

На прашање за проширувањето на Унијата и дали може да се очекува при претседавањето со ЕУ Грција да направи чекор кон кревање на блокадата за македонските интеграции, Митаракис целата вина за спорот ја префрли врз Македонија.

„ Мислам дека ова е прашање кое треба да се разреши, и се надевам дека ќе видиме попопустливи одлуки од страна на нашиот сосед“, изјави Митаракис.

Приоритет има економијата

Митаракис како главни приоритети на грчкото претседавање со ЕУ ја најави итната потреба од економски раст во Европа и поврзување на европските банки и регулаторни системи во банкарска унија. Од економските мерки, Грција ќе се залага за преговори за формирање на слободна трговска зона меѓу САД и Европската Унија, мерка со која Брисел и Вашингтон се надеваат дека ќе обезбедат поголем стопански раст на двете страни на Атлантикот.

„ Сите држави во Европската Унија беа погодени од кризата, но државите со високо ниво на долг беа најтешко погодени. Ние во Грција имаме рецесија шест години по ред, што е скоро без преседан во модерната историја. Жртвите на граѓаните беа огромни. Имаме стапка на невработеност од 27 проценти, со речиси 60 проценти кај младите, изјави Митаракис, кој нагласи дека Грција првпат очекува економски раст во текот на 2014 година.

Еден од приоритетите на Грција ќе биде и воспоставувањето единствен европски пристап кон поморските граници и прогласувањето ексклузивни економски зони и искористувањето на подводните енергетски ресурси.

Освен економијата и енергетските ресурси, и последниот приоритет на Грција ќе биде прашање од нејзин директен интерес - обезбедувањето помош на европските погранични држави да се справат со напливот на илегални имигранти кои бегаат од граѓанската војна во Сирија и други конфликтни држави на Блискиот и Средниот Исток. Грција, Бугарија и Италија се членките на ЕУ преку кои бегалците влегуваат во Унијата и кои се соочуваат со најголеми проблеми при обезбедувањето на сместување за овие луѓе.