1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција се надева на милијарди од Швајцарија

Грција и Швајцарија преговараат за договор за меѓусебно регулирање на даноците. Наводно станува збор за договор за порамнување во висина од милијарди, но експертите се скептични.

Досега пресметаните суми звучат примамливо: најмалку триесет, можеби дури и шеесет милијарди евра имотните Грци складирале во Швајцарија, информира атинскиот печат. Некои коментатори говорат дури и за 200 милијарди, односно многу повеќе пари отколку годишниот БДП на Грција или вкупната сума на целокупните заштеди во Грција. Точни бројки нема, но факт е дека Грците само во 2009 година од своите банкарски сметки подигнаа повеќе од 65 милијарди евра, а најмалку 16 милијарди евра од нив завршија на странски сметки.

За Министерството за финасии во Атина би било благослов, доколку би можеле да се оданочат вакви суми, под услов да станува збор за пари кои се’ уште не се оданочени. За таа цел Грција преговара со Швајцарија за договор за регулирање на даночните обрски. Спогодбата треба да се ориентира на неодамнешниот германско-швајцарски договор за оданочување, вели правникот Илиас Бисиас, кој докторираше во Швајцарија и денес работи во Атина и Цирих како економски адвокат.

„По стапувањето во сила на договорот еден Грк, сопственик на сметка во Швајцарија, ќе има три можности. Може да остане анонимен и за тоа ќе плати данок - казна во висина од најмалку 30 проценти од својот вкупен капитал, најверојатно уште повеќе. Или на грчкото министерство за финансии ќе му ги пријави своите заштети од Швајцарија преку банката и ќе дозволи да биде спроведена даночна контрола. Или пак, ќе добие рок од четири до пет месеци да ја затвори сметката во Швајцарија“.

Многумина Грци, поради страв од државен банкрот сосема легално ќе ги префрлат своите пари во Швајцарија, дополнува Бисиас, тие не би имале проблем ниту со даночни контроли, но ваквите штедачи располагаат со мали суми, многу побризантни се старите швајцарски случаи, односно големи суми, кои неоданечени се складирани во тамошните банки и сега треба ретроактивно да се оданочат. Бисиас притоа предупредува дека грчките даночни власти притоа мора да спречат овие пари од Швајцарија да бидат испратени на друго место. Атинскиот адвокат вели дека доколку грчките власти опстојуваат на 30 до 40 проценти данок на вкупниот капитал и тоа ретроактивно, тогаш речиси и не може да си замисли дека многу Грци ќе се придржуваат до договорот и парите ќе ги префрлат на друго место.

Во кризни времиња затајувањето данок во Швајцарија се тематизира и од политички аспект. Пред се’ шефот на умерената левичарска партија Демократска левица, Фотис Кувелис, се декларира како адвокат на чесните даночни обврзници. Уште пред парламентарните избори во јуни тој се заложи за цврст став во однос на Швајцарија.

„Во мај 2010 во парламентот барав контрола на сметките на грчките граѓани во Лихтенштајн. Министерот за финансии најави дека ќе се погрижи за тоа, но потоа не се случи ништо. Исто така барав контрола на влоговите на Грците во швајцарските банки. Тогашниот министер за финансии Евангелос Венизелос ме увери дека ќе работи на тоа. И повторно ништо не се случи“, протестира Кувелис.

Овој негативен биланс е претеран. Впрочем, во јануари во сила стапи протоколот за двојно оданочување меѓу Грција и Швајцарија, кој за првпат нуди правна основа за размена на информации по прашањата за затајување на данок.

„За првпат со овој договор се предвидува, доколку постои сомневање за даночно затајување, да биде пружена службена помош. Сепак мора да постои сомневање против конкретна личност за конкретен случај“, појаснува адвокатот Бисиас. Грчките власти меѓутоа и натаму не можат да ги проверуваат даночните податоци на сите сопственици на сметки.

На крајот на мината година атинскиот неделник „Риал њус“ информираше дека тогашниот министер за финансии Венизелос проценувал дека во швајцарките банки лежат најмалку 30 милијарди евра и со Берн би преговарал за однапред плаќање данок од 10 проценти. Тоа, во идален случај, по стапување на сила на договорот за порамнување би значело финансиска инјекција за Грција од околу три милијарди евра.