1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција се жали кај Бан Ки Мун

Скопје продолжува со агресивните изјави и потези, со што ги поткопува можностите за дијалог и добрососедски односи, рекол шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН.

default

Ставрос Димас топката ја префрли кај Македонија

По последната рунда разговори на медијаторот на ОН во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц, со преговарачите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, Димас ги повторил, како што се соопштува од грчкото МНР, цврстите и стабилни позиции на Атина за изнаоѓање на решение во спорот со името.

„Исто така, тој ја нагласи длабоката загриженост на Атина за континуираните агресивни изјави и потези што доаѓаат од Скопје и ги поткопуваат можностите

за дијалог и добрососедски односи“, соопштуваат од грчкото МНР.

Автор: ЖА/СН/макфакс

Редактор: Симе Недевски