1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција протестира

Генерален штрајк, масовни демонстрации, судири. И покрај големиот отпор кај населението, премиерот на Грција Андонис Самарас притиска за реализација на реформите. Мора да бидат заштедени уште 11,5 милијарди евра.

Грчката полиција процени дека на демонстрациите во Атина учествувале околу 50.000 демонстранти, организаторите на протестите зборуваат за стотици илјади незадоволни граѓани. Протестните акции воглавно минаа мирно, но сепак пред парламентот во Атина вчера напладне дојде до судири. Околу 200 маскирани ја нападнаа полицијата со молотови коктели и камења. Безбедносните органи од своја стана употребија солзавец и шок гранати против предизвикувачите на нередите, за да ја стават ситуацијата пред парламентот под контрола.

Неконтролирани беа меѓутоа вербалните напади на маргините на штрајкот, како на пример изјавата на шефот на синдикатот на јавниот енергетски снабдувач ДЕИ, Никос Фотопулос: „Постои само еден пат да се сопре оваа марионетска влада: не само да се реагира, туку да се пружи отпор. Кога булдожерот ќе се упати кон тебе, можеш да го сопреш само со ракети, не со цвеќиња“, рече Фотопулос.

Калашњиков против мерките за штедење?

Масло во огнот дотури и пратеникот Јанис Михелојанакис - младиот политичар од Крит, претставник во парламентот од редовите на владејачката партија Демократска левица, имаше пофални зборови за шефот на партијата Фотис Кувелис, кој се бори против политиката на штедење и јавно предуреди од напади со калашњиков. „Ако продолжи вака, луѓето ќе излезат на улица и тоа не со транспаренти, туку слединиот пат можеби дури со калашњикови“, изјави политичарот. Дека Михелојанакис понекогаш клони кон претерани формулации, им е познато на сите во грчкиот парламет. Но досега ова е единствен пример, еден народен пратеник јавно да предупреди од вооружени судири, најверојатно од страв од реакцијата на избирачите.

Длабоки резови

Во меѓувреме продолжуваат натегањата околу пакетот за штедење во висина од најмалку 11,5 милијарди евра. Конзервативниот премиер Андонис Самарас веќе даде зелено светло за програмата за штедење, но дури денеска ќе ги

Antonis Samaras

Андонис Самарас: штедење, штедење...

информира коалиционите партнери за деталите. Спорни и натаму се кратењата на пензиите, отпуштањата во јавниот сектор како и подигањето на старосната граница за пензионирање на 67 години. Самарас има намера уште идната недела да ја предложи програмата во парламентот, а тогаш мора да смета на напад од страна на опозицијата. Имено уште вчера претпладне пратениците на ортодоксната комунистичка партија демонстративно ја напуштија седницата на парламентот за да им се приклучат на демонстрантите на улица. Нивниот пример го следеше и деснопопулистичката партија Независни Грци. Водачот на опозицијата Алексис Ципрас исто така повика на отпор против политиката за штедење. „Општеството сега го има зборот“, вели шефот на радикалната Левица. Според него грчкиот народ не може да ја издржи политиката на уништување, на која е принуден двеипол години. Грција не смее да биде претворена во социјална пустина, предупреди Ципрас.

За првпат на генералниот штрајк не присуствуваше Јанис Панајополус, претседателот на најголемиот грчки синдикат. Тој имено е во Мадрид, каде работи на формирање на европска алијанса на синдикатите. Негова цел е: во сите јужноевропски кризни земји во иднина да има заеднички протестни акции против политиката на штедење, која според негово мислење ја пропишува Брисел.