1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција продолжува со приватизацијата

Грција планира да објави тендери за продажба или закуп на најголемата рафинерија „Хеленик Петролеум“ и на двете најголеми пристаништа во земјата – Пиреја и Солун, за да ги задоволи условите за меѓународната помош.

Зделките ќе бидат дел од вториот бран на приватизација по шест проекти кои се очекува да завршат на почетокот од 2013 година. Се планира продажба и на удели во втората по големина компанија за снабдување со вода „Солун водовод“ и во „Ларко“, еден од најголемите светски производители на никел.

„Имаме многу значајни извори на средства и тендери кои треба да бидат објавени во следните неколку месеци“, изјави директорот на грчката агенција за приватизација ХРАДФ Јанис Емирис.

Државата исто така планира да бара инвеститори за најголемиот аеродром во земјата кој се наоѓа во Атина, за автопатот „Игнација“, како и за мали регионални аеродроми и пристаништа. Приватизацијата е клучен дел од грчките напори да го плати долгот и да се врати од работ на банкрот.

Според планот за враќање на долгот потпишан со ЕУ и ММФ, Атина треба да собере 19 милијарди евра до крајот на 2015 година и околу 50 милијарди евра до 2020. Првите големи продажби, na фирмата за природен гас ДЕПА и 33 отсто од акциите во државната лотарија ОПАП се очекува да бидат завршени на почетокот на следната година.

„Освен намалување на долгот, Грција се надева дека програмата за приватизација ќе создаде околу 60 милијарди евра инвестиции, 50.000 работни места и три милијарди евра годишно од даночни приходи, со што БДП-то ќе се зголемува за еден процент секоја година“, изјави Емирис.