1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција пријави повисоки приходи

За првпат по повеќе години во Грција е регистритран вишок во буџетот. Експертите сметаат дека ваквиот тренд се должи на мерките за штедење.

Грција во 2012 година, според последните податоци на Министерството за финансии, за првпат по повеќе години има поголеми приходи отколку расходи. Суфицитот изнесува 434 милиони евра. Притоа, каматите не се земени предвид. Сегашните бројки укажуваат дека се создале „предуслови за нов старт на стопанството“, појасни заменик министерот за финансии Христос Стаикурас.

Буџетскиот дефицит во 2012 годна, вклучително каматите, изнесува 6,6 проценти од БДП, соопшти министерството. За оваа година целта е тој да изнесува 5,3 проценти. На почетокот на финансиската криза во 2009 година дефицитот во Грција изнесуваше 15,4 проценти.

Експертите оценуваат дека овие позитивни бројки се должат на тоа што владата во Атина со месеци ги плаќа само итните сметки и штеди во сите други области. Вистински порамнет буџет, кој ќе ги има предвид обврските за долговите, засега не е на повидок.