1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција почнува навистина да штеди!

Грчката влада најави дека ќе почне да отпушта вработени во јавната администрација и државните претпријатија. На списокот треба да се најдат 20.000 лица. Ваква мерка немало во последните 100 години од грчката историја.

default

Грчкиот министер за финансии, Евангелос Венизелос

Под притисок на заканите за исклучување од евро-зоната, Грција конечно посегна по инструментите за штедење од „голем калибар“. Министерството за финансии во Атина упати барање до државните служби и јавните претпријатија да подготват список од најмалку 20.000 лица, кои би биле испратени во т.н. „работна резерва“. Тоа не значи ништо друго, туку дека ќе бидат отпуштени, а во наредната година ќе добиваат по 60% од досегашната плата. Мерката се однесува на 151 јавно претпријатие или државна служба, кои имаат рок од две недели да ги подготват списоците за отпуштање. Во критериумите на министерството за финансии стои дека на списокот треба да се најдат лица, кои би можеле да одат во предвремена пензија, потоа персонал со пониско образовно ниво, како и административен и секретаријатски персонал.

Griechenland Athen Parlament Papandreou Abstimmung Sparpaket Polizei Krise Finanzkrise

Тешки мигови за премиерот и министерот за финансии: Папандреу и Венизелос во пратеничките клупи

Колку службеници се навистина потребни?

Меѓу службите и институциите, кои треба на овој начин да се ослободат од по најмалку 10% од сегашниот персонал, спаѓаат центри за култура, претпријатија за јавен превоз, служби за организирање саемски манифестации и институтот за млечни и месни производи. По објавувањето на списокот, многумина Грци се прашуваат зошто воопшто биле основани вакви и слични институции.

Со оваа мерка на отпуштање државната каса треба на среден рок да заштеди повеќе стотици милиони евра. Но, најавата од Атина има пред се’ симболичен карактер. Ваква мерка немало во  Грција во последните 100 години. Дотолку повеќе таа се смета и за сигнал во насока на Брисел, како и другите меѓународни финансиери, и гласи: „Штедењето е за нас навистина сериозна определба.“

Меѓу новите мерки на владата се наоѓа и затворањето на ТВ-каналот ЕТ1, кој нема голема гледаност, но затоа има долга традиција.

Generalstreik in Griechenland am 15.06.2011

На земјата веројатно и’ се закануваат нови протести и штрајкови

Со тоа државата ќе заштеди по 60 милиони евра годишно. Телевизискиот канал се затвора уште до крајот на годинава. Слична судбина треба да го снајде и дигиталниот ТВ-канал „Призма“.

Експертска помош од Брисел

Во Атина почна да работи и т.н. „ЕУ-таскфорс“, тим од 30-тина европски експерти, кои би требало да и’ помагаат на грчката влада во реализирањето на мерките за штедење. На чело на тимот е германскиот службеник на ЕУ, Хорст Рајхенбах.

Портпаролот на Европската комисија, Оливие Бејли порача дека станува збор за „техничка помош“, која ќе се занимава со состојбата во грчкиот катастар, како и со подобрувањето на прибирањето данок за државните каси. Исто така, овој тим треба да се погрижи за што поефикасно користење на средствата за помош од европските каси во износ од 14 милијарди евра годишно, кои и онака и’ се доделуваат на Грција. Овие експерти, меѓутоа, немаат никаква врска со т.н. „тројка“ од меѓународните финансиски институции, кои и’ ја одобруваат помошта на Грција за надминување на должничката криза.

Автор: Штефен Вурцел/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM