1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција постигна суфицит, за првпат по 66 години

За првпат од 1948. година, Грција оствари суфицит во платниот биланс. Најголем придонес во билансот имале приходите од туризмот, а влијаело и намалувањето на расходите.

Тековниот платен биланс на Грција во 2013. година имал суфицит од една милијарда и 244 милиони евра, и тоа е прв таков случај од 1948. година, соопшти Банката на Грција.

Платниот биланс кон крајот на претходната, 2012. година, бил во дефицит од четири милијарди и 615 милиони евра. Грција бележи само дефицити од 1948. година, од кога објавува податоци за тековниот платен биланс. Минатогодишниот суфицит е резултат воглавно на значително намалениот надворешнотрговски дефицит за 2,4 милијарди евра, со паралелно зголемување на вредноста на другите трансакции и услуги, особено во туризмот, соопшти Банката на Грција.

Приходот од туризмот лани изнесувал 11,9 милијарди евра, кога Грција ја посетиле повеќе од 17 милиони туристи.Туристичкиот бум е последица на кризата во земјите од Магреб, Египет и Турција. Порастот на приходите од туризмот го покрил падот на приходите од бродскиот транспорт кој изнезувал 12,089 милијарди во 2013, додека во 2012. бил 13,287 милијарди, соопшти Банката. Надворешнотрговскиот дефицит паднал поради значително намалените расходи за увоз од 4,5 отсто, и зголемување на приходите од извоз за 2,3 отсто, воглавно од нафтени деривати.