1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Грција – пожари

*

Грчката влада донесе одлука за итна помош на настрадините во пожарите во висина од 200 милиони евра. Пари треба да добијат семејства, претпријатија и општини погодени од огнената стихија. Поради катастрофата владата е под се‘ поголем притисок. Во Атина околу две илјади демонстранти кои и‘ припаѓаат на левицата демонстрираа барајќи оставка на владата. Во најтешките пожари со децении, во Грција од петокот досега загинаа 63 лица, а без покрив над главата останаа најмалку три илјади луѓе. На полуостровот Пелопонез и натаму има четири големи и десетици мали пожари. Италија и франција испратија шест авиони за гаснење пожари, а трите германски хеликоптери на Пелопонез треба да пристигнат денеска.