1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција повторно на испит пред „Тројката“

Од денеска (17.01.2012) Тројката од ЕУ, ММФ и ЕЦБ уште еднаш ја става под лупа грчката програма за штедење. Финансиските експерти притискаат за ургентни мерки, коишто ќе ја подобрат конкурентноста на грчката економија.

default

Грчката програма за штедење е повторно пред испит

Грчката програма за штедење повторно е ставена пред испит. Т.н. „Тројка“, составена од експерти од ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, повторно под лупа ги ставаат мерките на грчката влада, пред да одлучи дали дополнителни милијарди помош ќе протечат кон Атина. Меѓународните финансиски експерти не бараат само нови даночни мерки, туку и пошироки реформи на грчкиот пазар на труд.

Една минимална цел е постигната. Во 2011-та година буџетскиот дефицит се одржа на 9,6 проценти од бруто општествениот производ и со тоа за првпат е под психолошки значајната точка од 10 проценти, објасни министерот за економија Михалис Хрисохоидис неодамна за време на инвестициски конгрес во Атина. Со оглед на лошите претскажувања во последните месеци, ова може да се нарече успех.

Мерки за штедење преку кратење плати и додатоци

Грција мора да спроведе мерки за штедење во висина од 1,5 милијарди евра. За тоа треба „Тројката“ да разговара со грчката влада. Експертите од ЕУ, ММФ и ЕЦБ се сигурни дека веќе не може да се заштеди на пензионерите и вработените со мали примања. Наместо тоа, финансиските експерти бараат структурни реформи на пазарот на труд, за да се намалат трошоците за плата и да се стимулира конкурентноста на грчката економија.

NO FLASH Eurokrise Flaggen

Експертите од ЕУ, ММФ и Европската централна банка ќе испитуваат дали да и’ префрлат на Грција нови милијарди евра

Дополнителните мерки можат да се однесуваат на законскиот минимален личен доход, како и за загарантираните додатоци за Божиќ и одмор, објаснува адвокатот и професор по трудово право на Атинскиот универзитет Јанис Ликсуриотис, кој смета и дека тие сектори во сегашната економска ситуација не се доволни.

„Со замрзнувањето на платите и намалувањето на божиќниот додаток работата сама по себе не е решена. Партнерите во преговорите мораат да седнат на маса и да преговараат за подлабоки структурни реформи на пазарот на труд. Не може да биде прифатливо да се одредува единствен договор за висината на сите плати и приходи на ниво на целата земја, без да се земе во предвид развојот на продуктивноста во поединечни бранши и претпријатија. Затоа е потребна поголема флексибилност. Многу луѓе денес ја губат работата поради тоа што нивниот работодавач не е овластен да им даде нови задачи или ново работно место. Ова не може да продолжи вака“, нагласува професорот Ликсуриотис.

Владата ја користи „Тројката“ како алиби за својата неспособност

Griechenland Finanzkrise Parlament beschließt Sparhaushalt 2012 Ministerpräsident Lukas Papademos

Премиерот Пападимос се закани со закоско замрзнување на платите

Синдикатите прифаќаат да разговараат само за намалување на дополнителните трошоци за плати. Владата под раководство на поранешниот шеф на централната банка Лукас Пападимос соопшти дека законски ќе пропише оти платите остануваат на истото ниво поради инфлацијата, ако партнерите во преговорите доброволно не се договорат. Освен тоа, портпаролот на владата Пантелис Капсис отиде во детали објаснувајќи дека најниската плата во Грција е многу повисока од онаа во Шпанија.

„Владата ја користи ’Тројката’ како алиби за сопствената неспособност. Грчкиот проблем пред се’ е грчки проблем, а не европски, како што често се претставува, но многу политичари тоа не сакаат така да го видат“, оценува професорот Ликсуриотис.

Ни Господ не може да ја направи функционална грчката програма за штедење

Додека некои тврдат дека грчката влада нема волја или не е способна соодветно да го имплементира рецептот на „Тројката“, други веруваат дека пакетот за штедење веќе е осуден на пропаст. Причината е што радикалните мерки за штедење ќе направат застој во грчката економија. Меѓу скептиците е Јанис Вароуфакис, професор по економија на Универзитетот во Атина.

Euro Ein Euro Münze Münzen Euromünzen

Кратењето од најмалите плати и пензии нема да донесе евра во државниот буџет

„Ни Господ не може да направи таквата програма за штедење да биде функционална. Не само Грција, туку и сите останати земји од еврозоната беа пред опасност заедно да отидат во колапс, бидејќи заеднички не реагираа на кризата“, изјави професорот Вароуфакис.

Тој цврсто верува дека реформите, колку и да се неопходни, не можат да ја решат должничката криза. Тој ургентно предупредува на можноста од распад на заедничката валута.

„Излезот од еврозоната за Грција ќе биде економско самоубиство. А, исто така во тој случај еврото нема да преживее ниту 24 часа“, заклучува грчкиот професор Вароуфакис.


Автор: Јанис Пападимитриу / Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска