1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Грција парализирана од генерален штрајк

Грчките синдикати на новите мерки за штедење на владата реагираат со прв генерален штрајк годинава. Десетици илјади луѓе се на улиците во Атина и поголемите градови. На места има судири меѓу полицијата и демонстранти.

default

riechenland Generalstreik

„Еден професор заработува 629 евра, од што да живее кога за станот на еден остров плаќа 250 евра“, прашува претседателот на синдикатот на образованието Христос Папахристос во изјава за грчкото радио. Патем, ниту наставниците веќе немаат сигурна работа, оваа година треба да бидат отпуштени 25 илјади државни службеници. Грчката влада се обврза на тоа кон странските кредитори.

Вработените во Грција денеска започнаа 24-часовен генерален штрајк кој го парализира сообраќајот низ целата земја, училиштата и другите образовни институции не работат, а во болниците се примаат само итни случаи.

Двата најголеми грчки синдикати, синдикатот на работниците во приватниот сектор GSEE и синдикатот на работниците во јавниот сектор ADEDY, го организираа штрајкот во знак на протест против намалувањата на платите и зголемувањето на даноците.

Овие два синдиката, со коишто се опфатени околу 2,5 милиони работници, од 2009 година кога почна грчката криза одржаа низа штрајкови, тестирајќи ја волјата кај повеќето грчки влади досега за спроведување на реформите и непопуларните жестоки мерки за штедење во атмосфера кога во земјата постојано се зголемува незадоволството од ваквите мерки.

Griechenland Generalstreik

Повторно масовни протести

„Штрајкот е наш одговор на политиката на слепа улица, којашто ги исцеди нашите работници, го осиромаши општеството и доведе до рецесија и криза, Нашата борба ќе продолжи сe додека се продолжува да се спроведува таквата политика“, соопшти синдикатот GSEE.

Поголемиот број компании и јавни институции денеска се затворени, имајќи предвид дека на штрајкот, покрај другите, му се приклучија и наставничкиот кадар, персоналот во железницата, вработените во автобуските компании, медицинскиот персонал и вработените во банките.

Полицијата известува за одделни судири. Вооружени млади луѓе во Атина фрлале со камења врз полициајците, кои пак употребиле солзавец. Во грчкиот главен град се ангажирани околу три илјади полицајци.

Зачестеноста на штрајковите во Грција во последниот период се зголеми поради сe‘ поголемата невработеност и сиромаштијата што ја зафати земјата. Според прпгнозите, годинава стапката на невработеност ќе достигне загрижувачко ниво од 30 проценти, додека економскиот учинок на државата веројатно ќе се намали за натамошни 4,1 насто. Повеќе од 60 проценти од младите под 24 години се без работа. Од почетокот на кризата во 2008 година, грчкото стопанство бележи пад од 25 проценти.