1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција остро реагира по средбата Груевски - Бан

Изјавите на македонскиот премиер Никола Груевски се дел од постојаната, заморувачка пропагандна реторика за внатрешна употреба. Ова е оценката на грчкото МНР по средбата на Груевски со Бан Ки-Мун во Скопје.

Оттаму обвинија дека Груевски не ја искористил средбата за напредок во надминувањето на спорот со името, туку за повторување на, како што ја нарекуваат, пропагандната реторика.

„Напротив, се потруди да ја злоупотреби. Уште еднаш се ангажираше да продолжи да ја негува познатата пропаганда за слабоста или немањето волја од грчка страна. Тоа е неточно, лажно и постојаната непопустливост на премиерот Груевски во текот на неговиот мандат само го потврдува ова", изјави Григорис Делавекурас, портпарол на грчкото МНР.

Ban Ki-moon und Nikola Gruevski

Грчкото МНР го обвинува премиерот Груевски за неконструктивност во преговорите

„Од наша страна нема да ја следиме логиката на вештачко влошување на работите, нешто кое се обидува да го предизвика премиерот Груевски за внатрешни цели. Го кажуваме она што се подразбира: за да има решение владата на Грција бара еден искрен соговорник", рече Делавекурас.

„За сите останати работи на кои се сетил премиерот Груевски, можам само да кажам дека таму кај што завршува логиката започнуваат фантазиите. За среќа, разумниот соседен народ се помалку го слуша", вели портпаролот на грчкото МНР.