Грција објави список на најголемите даночни должници | Економија | DW | 24.01.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција објави список на најголемите даночни должници

Грчките власти објавија список со околу 4.000 имиња на наголемите даночни должници кои на државата и должат околу 15 милијарди евра.

default

Меѓу грчките затајувачи на данок има бизнисмени, спортисти и телевизиски водители

Листата на најголеми даночни должници синоќа (23.01.2012) ја објави министерството за финансии на Грција. Меѓу имињата има и неколку познати јавни личности, меѓу кои се и сопственици на телевизии, пропаднати бизнисмени, поранешни кошаркарски ѕвезди и телевизиски водители. Медиумите пренесуваат дека е голема веројатноста најголем дел од парите никогаш да не бидат наплатен, бидејќи добар дел од должниците се или во затвор или, пак, компаниите веќе им банкротирале.

Неплаќањето данок во Грција е ендемична појава и меѓународните доверители, ЕУ и ММФ бараат од властите во Атина да го подобри собирањето на даноците доколку сакаат да продолжи кредитирањето на презадолжената земја.

Тековен даночен долг од 60 милијарди евра

Symbolbild Finanzen Finanzanalyse Taschenrechner

Долг од 60 милијарди евра

На врвот на листата се наоѓа 58 годишниот сметководител, кој веќе е осуден на повеќе од 100 години затвор за затајување на данок. За него се верува дека должи 950 милиони евра, од кои најголем дел се казни.

Останатите на листата должат значително помалку. Грчките власти проценуваат дека, кога би можеле да ги соберат сите долгови, тие би изнесувале близу 15 милијарди евра. Тековните даночни долгови, во Грција, според проценката на Европската Комисија изнесуваат околу 60 милијарди евра. Вкупниот годишен Бруто општествен производ на Грција изнесува 218 милијарди евра, а се очекува буџетскиот дефицит за 2011-та година да изнесува 19, 7 милијарди евра.

Автор: СН/ АМ/ бета/ ртр

Редактор: Александра Трајковска