1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција не ја уценува ЕУ

По пресудата од Хаг и повторното одлагање на стартот на преговорите на Македонија со ЕУ, Николаус Гроф Ламбсдорф од германското МНР оценува дека Грција не ја уценува ЕУ. Решението треба да се бара со посредство на ОН.

default

Долг пат до ЕУ

Случувањата во Брисел, минатата недела, уште еднаш потврдија дека членството во ЕУ за земјите од Западниот Балкан ќе биде се’ потешко. Иако по одлуката од Хаг и извештајот на Европската комисија се очекуваше некаков сигнал за Македонија, Советот на министрите уште еднаш го одложи стартот на пристапните преговори. Дури, по барање на Грција, изостана каков било коментар на одлуката на Меѓународниот суд од Хаг.

Николаус Гроф Ламбсдорф, задолжен за Западниот Балкан од германското МНР на прашањето: До кога Грција ќе ја уценува Европската унија? оценува: „Не верувам дека е вистински кажано дека Грција ја уценува Европската унија. Грција е членка на ЕУ и е една од нас. Точно е, меѓутоа, дека тоа што до сега не е најдено решение за името е препрека за Скопје и проблем за Европската унија“, изјави Николаус Ламбсдорф, кој осврнувајќи се на пресудата од Хаг вели дека мора да се утврди какви ќе бидат последиците од неа. „Ова не е

Konferenz Medien in Südosteuropa

Унијата не се меша во спорот со името. Решението е во консензус! Николаус Гроф Ламбсдорф од германското МНР

директна пресуда околу спорот со името, но веруваме дека една ваква пресуда која е јасно донесена, треба да има и политички консеквенции. Претпоставувам дека за ова ќе се разговара и со нашите грчки партнери и пријатели“, вели Ламбсдорф.

ЕУ останува настрана

За спорот околу името надлежени се Обединетите нации. Дали навистина Европската унијата може да остане комплетно неинволвирана за нешто што се случува во нејзините пазуви? Не може ли таа и Германија да помогнат во разврската на спорот?

„Се сомневам дека Европската унија може нешто да направи, зашто Грција е дел од ЕУ. Значи е една од нас. Германија, пак, самата овој проблем сигурно не може да го реши. Но, едно е јасно: Мора да има консензуално решение, решение со кое и Скопје и Атина ќе бидат согласни и со кое ќе може да живеат. Ова се обидуваме и да го поттикнеме. Можеби одлуката од Хаг нуди некоја оперативна точка“, дополнува Ламбсдорф.

Како гледа, пак, на идејата пласирана од македонска страна: изнаоѓањето решение околу спорот со името да се оддели од пристапните преговори?
„Дури и за тоа е потребна едногласност, консензус во ЕУ. Во овој момент сметам дека ова би било тешко изводливо. Го разбирам предлогот. Природно дека има смисол, но во сите одлуки во ЕУ каде се бара консензус неопходна е согласноста и од Грција. Значи, за тоа мора да се разговара со Атина и да се види, дали може да има поместување. Сметам дека за прашањето околу името мора да има движење и од обете страни: и од Скопје и од Атина“, коментира за Дојче веле Николаус Гроф Ламбсдорф, задолжен за Западниот Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во германското сојузно Министерство за надворешни работи.

Автор: Силвера Падори-Кленке
Редактор: Александра Трајковска

DW.COM