1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција не може да ги исполни целите ниту во 2013-та

Грчката влада нема да може да ги исполни целите за штедење ниту во наредната година. Вкупната задолженост ќе се зголеми.

Грчката влада, според предлог буџетот за 2013 година кој е поднесен во парламентот во Атина, смета со дефицит од 5,2 проценти. Претходно се сметаше дека дефицитот ќе изнесува 4,2 проценти. Со оглед на ревидираните бројки, вкупната задолженост на Грција наредната година ќе изнесува 189,1 процент од брутодомашниот производ.

Владата, во меѓувреме, одвај успеа да го „протне“ во парламентот предлогот за натамошна приватизација. Имено, 148 пратеници гласаа за укинување на правилото, според кое владата и по приватизација на државно претрпијатие мора да има одреден удел во фирмата. Против гласаа 139 парламентарци. Продажбата на државни претпријатија е важен дел од планот за санација кој Атина го договори со меѓународните доверители. Во рамките на пакетот за помош е договорено до 2015 година да бидат продадени фирми во вредност од 19 милијарди евра, а до 2020 година треба да се продадат фирми во износ од 50 милијарди евра.