1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција: Нема пари ни за лек

Поради економската криза во Грција расте бројот на лицата кои не се осигурани, невработените или сиромашните во земјата. Во Атина е отворена здравствена ординација која им помага на тие луѓе.

Малата Атина едвај стои на нозе. „И’ се врти од глад“, вели Елена Базакополу. Таа е наведната пред девојчето и и’ подава слатки. Атина има уште шест браќа и сестри. На нејзиното семејство му ја исклучија водата поради неплатени сметки. Но, тоа не е нивниот единствен проблем. Братот на Атина има болно срце. Заради тоа мајка и’ побара помош во социјално-медицинската ординација која се наоѓа во поранешна американска воена база во атинската населба Елиникон.

Сиромашни, невработени и болни

Тука пред точно една година четири лекари и седум хуманитарци на чело со кардиологот Јоргос Вихас ја отворија социјално-медицинската ординација. Тој вели дека забележал дека се’ повеќе луѓе остануваат без работа и здравствено осигурување. До август 2012. неговата ординација ја посетиле 1.200 пациенти. Во периодот кој следуваше значајно се зголеми бројот на пациентите. Само во изминатите три месеци помош побарале дополнителни 1.800 луѓе. Во меѓувреме во оваа ординација работат 70 лекари, забари, фармацевти, психолози и терапевти. Околу 100 доброволни соработници се грижат за термините.

Нема пари - нема ни хемотерапија?

„Приемот на рецепција е срцето на оваа ординација“, вели Елена Базакополу. Сите термини во наредните четири седмици се пополнети. Поради тоа лекарите бараат нови колеги. Исто така би требало да се зголеми соработката со болниците. Уште сега пациентите од рак се лекуваат на универзитетската болница во Сотириа.

Schlagworte: Georgios Vichas, Gesundheitssystem, Griechenland, Krise, MKI, Soziale Praxis Ellinikon, Krebspatienten, Elena Bazakopoulou, Wer hat das Bild gemacht: Daphne Grathwohl Wann wurde das Bild gemacht: 23.11.2012 Wo wurde das Bild gemacht: Soziale Praxis Ellinikon, Athen (MKI) Bei welcher Gelegenheit wurde das Bild gemacht: Reportage über Krise im Gesundheitswesen in Griechenland

Јоргос Вихас

Една жена на која и’ беше дијагностициран рак, четири месеци безуспешно молеше да и’ овозможат хемотерапија, која не можеше да ја плати. Кога дојде во ординацијата во атинската населба Елиникон ракот веќе се прошири. Таа веднаш беше префрлена во универзитетската болница каде и’ е овозможена бесплатна хемоторапија.

Со оваа ординација соработуваат исто така и две породилишта. Првата пациентка таму веќе роди здраво девојче. Во ординацијата таа дошла во седмиот месец од бременоста, а претходно немала ниту еден преглед и не знаела каде ќе се породи. „По породувањето го донесе детето овде на преглед. Очите и’ беа полни со радост, оти авантурата бременсот на крајот среќно се заврши - момент кој го придвижи целиот тим во ординацијата“, се сеќава Јоргос Вихас.

Антибиотик како слатки

Bildbeschreibung: Vorrat am Milch und Windeln, Soziale Praxis Ellinikon, Athen (MKI) Titel: Vorrat am Milch und Windeln, Soziale Praxis Ellinikon, Athen (MKI) Schlagworte: Georgios Vichas, Gesundheitssystem, Griechenland, Krise, MKI, Soziale Praxis Ellinikon, Krebspatienten, Elena Bazakopoulou, Wer hat das Bild gemacht: Daphne Grathwohl Wann wurde das Bild gemacht: 23.11.2012 Wo wurde das Bild gemacht: Soziale Praxis Ellinikon, Athen (MKI) Bei welcher Gelegenheit wurde das Bild gemacht: Reportage über Krise im Gesundheitswesen in Griechenland Wer oder was ist auf dem Bild zu sehen: Vorrat am Milch und Windeln, Soziale Praxis Ellinikon, Athen (MKI)

Храна за децата - социјална помош

Мајката на Атина доби термин на кардиологија во една болница со која соработува ординацијата. Лечењето е бесплатно. Јорхос Вихас лично ја увери во тоа преку телефон. Кога го заврши разговорот во ординацијата за дома понесе неколку конзерви млеко во прав за најмалото дете. Овде исто така се собираат храна и пелени за деца и им се делат на оние кои имаат потреба од тоа, вели Елена Базакополу. Таа се сеќава како едно дете, поради инфекција, доби антибиотици. „Го пиеше антибиотикот со лош вкус, како да е највкусната слатка. Го испи целото шише, што му го дадоа. Беше гладно“. Таа го губи гласот кога зборува за ова.

Пациентите стануваат доброволци

Елена Базакополу е економист и мајка на две ќерки. Од јули секоја недела работи по неколку часа во ординацијата. „Тешко е да се доживее оваа страшна реалност, но исто така теши тоа што има солидарност, која и под вакви услови секој ден е се’ поголема“, вели таа. Така многу пациенти стануваат доброволци.

Исто така и пациентката болна од рак, која четири месеци се бореше да добие хемотерапија, сега се чувствува толку фит, што неодамна понуди помош. Таа сака да ги чисти просториите на ординацијата. Јоргос Вихас вели дека ги придвижува тоа да видат „секој ден да се доживее, како очајни луѓе си ја повраќаат надежда и достоинството“. Тоа конечно е и целта на социјалната оријентација во Елиникон.