1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција: Народни кујни за средната класа

Кризата во Грција особено тешко ја погоди средната класа. Во некои предградија на Атина кои порано важеа за „бастиони“ на богатите граѓани денес се гледаат редици за бесплатна храна и помош.

Во елегантното атинско предградие Кифисиа, Марија Кефала Салматани им дели животни намирници и лекови на граѓаните. Во 2003-та оваа претприемачка беше избрана во градскиот совет, со ветувањето дека ќе изгради нов дом за хендикепираните деца и млади. Но оттогаш се променија приоритетите на локалните власти: поради последиците од финансиската криза градската советничка мора повеќе да се грижи за потребите на сиромашните. Најголемиот дел од средствата за почетокот на програмата, околу 400 илјади евра, беа обезбедени од фондови на ЕУ. Денес, проектот се одржува со средства на приватни донатори. До крајот на јануари, локалната власт во Кифисиа ќе отвори и социјална аптека за сиромашните.

„Нашата населба од 1980-тите важи за еминентна, но тоа е само делумна вистина. Во Кифисиа живеат и бројни семејства од средната класа, кои сега се

Kefala-Salmatani Suppenküchen für Bedürftige in Griechenland

Марија Кефала Салматани

соочија со кошмарот на невработеноста“, раскажува 62-годишната советничка. Тоа се семејства со деца кои порано имаа двојна заработка, но сега и таткото и мајката се без работа. Од кризата се погодени и презадолжените бизнисмени, кои повеќе не можат да си обезбедат ниту животни намирници. Во Кафисиа досега се пријавени 170 жители кои имаат потреба од помош. Бројот на оние на кои им е потребна помош е веројатно далеку повисок, но луѓето најчесто од гордост не се пријавуваат, претпоставува Мариа Кефала Салматани.

„Често добиваме дискретни сигнали од соседите дека во некоја куќа повеќе не се пали светлото, што веројатно значи дека струјата е исклучена“, вели советничката. Во такви случаи психолози и социјални работници се обидуваат да стапат во контакт со погодените, на што е можно подискретен начин и да понудат помош.

И во богатото предградие Психикон во северна Атина, дискрецијата е врвен принцип, вели градоначалникот Пантелис Ксиридакис. Многу од погодените никогаш и не помислувале дека ќе се најдат во таква ситуација и се срамат да побараат помош, па затоа надлежните од локалната власт свесно се доведуваат до непријатна ситуација.

Suppenküchen für Bedürftige in Griechenland Pantelis Xyridakis

Пантелис Ксиридакис

„Пред неколку месеци поставивме еден киоск, каде секој може да дојде и да даде помош во пари или намирници“, вели Ксиридакис. „Киоскот се наоѓа директно пред еден голем супермаркет, но местото каде потоа се дели помошта е на друга локација, во едно затскриено место. За сето има добра причина. Оној кој дава сака да биде виден и со тоа ги мотивира и другите да помогнат. Оној кој живее од помошта се срами и не сака да биде виден“, објаснува градоначалникот.

До пред избувнувањето на кризата, цените на недвижностите во овој кварт достигнуваа и до 10 илјади евра. Дека ќе дојде денот кога тука локалната власт ќе дели помош и топли оброци, никој и не помислуваше. Но последниве години повеќе од 120 луѓе се пријавија за помош. Еднаш неделно секој од нив добива по еден пакет со намирници. За Божик, општината им организираше на сите и бесплатен заеднички пречек. Сепак, точниот број на жители на кои им е потребна помош не го знае ниту градоначалникот. Голем број жители воопшто не се пријавуваат или бараат помош од црквата. „Претпоставуваме дека најмалку уште 300 луѓе од нашата општина ја посетуваат црковната кујна секој ден“. Особено е активна католичката црква во која се обраќаат верниците кои ги има многу во општината.