1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција минува низ тешки времиња

Строг курс на штедење би требало да спречи банкрот на Грција, но тоа ја „дави“ економијата, што пак води кон рекордна невработеност. Многу семејства се соочени со егзистенцијални проблеми.

default

Без пари, со грижи - секојдневието за многумина Грци стана борба за преживување

Последното работно место на Панајотис Николау било на една фарма во Атина. Работата му била необична и интересна. Фармата требало да претставува место за одмор и тој, како што самиот вели, имал работа од соништата. Како автомеханичар бил задолжен за одржување на возниот парк. Но, од летото наваму е без работа. Се простил со сонот.

„Сопственикот имаше бизнис-идеја и имаше стапено во контакт со многу луѓе за да ја реализира. Но по месеципол се случи она што мораше - поради кризата не доаѓаа посетители и повеќето од нас беа отпуштени, 80 проценти. Јас бев исто така отпуштен.“

Во Атина, град кој го избрал за живеење, преживувањето е се‘ потешко, како и секаде во Грција. Николау мора да се снаоѓа без помош од државата. Мора да се грижи за ќерките речиси сам. Сопругата работи како касиерка, од утро до

Athen Panorama

Атина

вечер, за семејството да може да преживее. Неговите родители малку го надополнуваат семејниот буџет со нешто пари. Со новата улога Николау се‘ уште не е до крај снајден.

„Се‘ се промени уште пред подолго време. Жената работи, заработува, жената кажува за што ќе се потрошат парите, а за што не. Јас сега, на пример, мора да работам повеќе во домаќинството.“

Шопинг-центарот на Атина е невообичаено празен. Грците, исто како Николау, ги чуваат парите. И неговиот пријател нема идеја што би работел. Сепак, вели дека во неговата земја работите ќе се движат натаму, некако.

„Грција постоела и ќе постои, зашто луѓето веруваат во оваа земја, ја сакаат и има многу луѓе кои покажуваат солидарност со оние што се сиромашни, тие донираат и слично. Секојдневно има примери за тоа.“

Вербата во владата и нејзините напори за штедење, меѓутоа, тој ја загубил одамна, впрочем како и мнозинството Грци.

Автор: Милтиадес Арсенопулос / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски