1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Грција - Македонија

Заеднички прифатливо решение за името ќе има позитивни последици на билатерален и регионален план, а особено за евро-атлантскиот курс на соседот да мине без проблеми, изјави портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Јорго Кумуцакос. Тој нагласи дека неговата земја чека Македонија да ги напушти различните облици иредентистичка пропаганда преку употреба на симболи, мапи, брошури и слично и дека ќе прифати став компатибилен со европското законодавство. Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, претходно изјави дека за грчкото лоби во Америка би било многу попаметно енергијата што ја троши на ирационален билатерален спор за името да ја троши на подобрување на состојбите во својата матична држава, Грција и на отворена поддршка на стабилизацијата на Балканот. Македонија е многу заинтересирана за надградување на добрите билатерални односи со Грција и за продолжување на дискусиите околу сите билатерални прашања, потенцираше Милошоски. Во американскиот конгрес пред два дена беше поднесена предлог резолуција со која Македонија се повикува да избегнува активности со кои ќе се отежне постигнувањето општоприфатливо решение околу името. Со резолуцијата поднесена од пратеникот на Демократската партија, Каролин Малони, конгресот ја охрабрува Македонија да соработува со Грција во рамките на ОН за да се најде решение прифатливо за двете страни. Малони е потпретседател и коосновач на конгресната група за пријателство меѓу САД и Грција.