1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција: конечно договор

Грчките владејачки партии постигнаа договор во последен момент за спроведувањето новиот пакет мерки за штедење- услов од меѓународните кредитори. Синдикатите најавија нов штрајк.

Веста за договорот постигнат меѓу трите владејачки партии во Грција прв ја пренесе шефот на Европската централна банка, Марио Драги, кој за тоа бил информиран од страна на грчкиот премиер Лукас Пападимос.

Грчките лидери постигнаа конечен договор за дополнителните мерки за штедење кои се услов од меѓународната кредиторска тројка за добивање на новиот пакет помош, потврди и извор во грчката влада.

Пападимос го потврди договорот

Griechenland Athen Treffen Spitzenpolitiker Papademos

Лидерите на владејачките партии во Грција со премиерот Пападимос

Конечно и грчкиот премиер Лукас Пападимос се обрати со изјава до јавноста во кое го објави постигнувањето договор меѓу грчката влада и меѓународните кредитори, ЕУ, ЕЦМ и ММФ:

„Консултациите меѓу владата и ’тројката’ за прашањата кои останаа отворени за натамошни консултации беа успешно завршени утрината. Политичките лидери потоа се согласија да го прифатат резултатот од овие консултации. Постои широка согласност за содржината на новата програма за штедење“, гласеше изјавата на Пападимос.

Главна спорна точка во последната фаза од преговорите беше барањето на ЕУ, ЕЦБ и ММФ за намалување на пензиите за 15 проценти. Освен тоа, предуслов за натамошна финансиска помош за земјата беше и намалување на минималните плати за 22 проценти и кратење на 15.000 работни места до крајот на годинава.

Утре и задутре нов штрајк

Договорот падна само неколку часа пред средбата на министрите за финансии од еврозоната на која треба да одлучат за новата помош вредна 130 милијарди евра, со која треба да се избегне банкрот на презадолжената Грција и да се стави крај на едно поглавје од еврокризата.

Во меѓувреме двата најголеми грчки синдикати пак најавија нов генерален 48-часовен штрајк за утре и в сабота. Протестите се одговор на договорот меѓу Грција и нејзините кредитори околу новите мерки за штедење. Големи протестни демонстрации се закажани за в недела пред зградата на грчкиот Парламент.

Автор: СН/ЖА/дпа/ртре/дв

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина