1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција и Тројката ги приближуваат ставовите

Грција и нејзините меѓународни донатори, според владини извори во Атина, полека ги приближуваат ставовите околу основите за натамошните мерки за штедење. Грчките синдикати за наредната недела повикаа на генерален штрајк.

„Сега сме кај заштеда од 9,5 милијарди евра“, изјави претставник на грчката влада вчеравечер (19.09).

Претставниците на таканаречената Тројка, составена од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, прво не прифатија мерки предложени од владата во висина од четири милијарди од вкупно 11,7 милијарди евра колку што тежи пакетот мерки за штедење. Со натамошни преговори, меѓутоа, Тројката даде согласност за мерките кои треба да донесат заштеда на 9,5 милијарди евра. Според најавите, постои надеж за постигнување согласност до недела (23.09).

Една од најтешките точки во преговорите меѓу Тројката и грчката влада е бројот

на вработени во јавниот сектор. Според планот за враќање на долгот во 2015. година треба да има 150 илјади помалку јавни службеници во споредба со 2009. година. Министерот за реформи во администрацијата Андонис Манитакис вчера инсистираше на тоа дека целта треба да се постигне без Владата да треба веднаш да отпушти работници. Тој рече дека 40 илјади јавни службеници треба да се пензионираат до крајот на годинава, а уште 35 илјади ќе си заминат со доброволно пензионирање.

Грците се соочени со натамошни кратења на платите и на пензиите, како и со намалени социјални услуги за хендикепираните. Затоа се смета дека во земјата следува нов бран протести. Синдикатите за наредната недела повикаа на генерален штрајк.