1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Грција и Португалија четвртфиналисти

Грција изненади со пласман во четвртфиналето, Шпанија и Русија си одат дома, Германија ќе се бори против Чешка за влез во нокаут рундата.

Португалците се радуваат по постигнатиот гол на Нуњо Гомеш

Португалците се радуваат по постигнатиот гол на Нуњо Гомеш

Фудбалската репрезентација на Германија. само со победа против Чешка. во последното трето коло од својата група. ќе обезбеди пласман во четвртфиналната нокаут рунда од ЕП во Португалија. По нерешениот резултат, без голови против аутсајдерот Летонија во саботата, Германија, сега ќе мора да ја победи Чешка, која со триумфот против Холандија од 3:2 веќе е во четвртфиналето.

Германија иако доминираше на теренот, не успеа да го скрши отпорот на Летонците . кои деведесет минути играа класичен бункер, барајќи шанса од втор план.

Селекторот на германската репрезентација, Руди Фелер, кој изјави дека неговиот тим ќе се пласира во четвртфиналето, верува во своите играчи за кои ако треба, вели, дека е подготвен да стави и рака во оган. Се разбира дека сме разочарани, но неможам да најдам забелешки, се обидовме со се, сега ситуацијата е јасна, мораме да победиме и верувам дека тоа го можеме, изјави Фелер

Лелекањето сега не ни е потребно изјави секогаш оптимистички расположениот Оливер Кан.

“Не ни е потребно да кукаме за играта со Летонија, сега не ни се потребни задршки, мораме да ги мобилизираме сите сили, за конечно против Чешка да одиграме супер натпревар, така ќе успееме“

Европското првенство во Португалија, го донесе и првото изненадување, Грција е четвртфиналист и покрај синоќешниот пораз од веќе отпишаната Русија . Грците одат натаму, благодарејќи на резултатот од Лисабон, каде шпанците во мечот со домаќинот Португалија не успеаа да изборат нерешен резултат, кој им беше потребен за пласман во четвртфиналето.

Во битката за живот и смрт, како што ја нарече тренерот на домаќините Сколари, Нуњо Гомеш, во 57 минута го постигна златниот гол за победа на Португалија од 1:0, прва по 23 години против вечниот ривал Шпанија.

Направивме голема работа и треба да бидеме горди, изјави по натпреварот Луис Фиго. За селекторот Луис Фелипе Сколари, клучната улога ја одиграла публиката, која била не 12 туку 13 14 играч

Според селекторот на Шпанија, Инјаки Саес, неговиот тим го заслужил поразот, бидејќи играл без страст, “имавме шанси но топката едноставно не сакаше да влезе во голот, изјави шпанскиот стратег.

Грција, загуби од Русија со 2:1 но го постигна најголемиот успех. Во мечот со Русија, влегоа доста опуштено, што можеше да ги чини многу, но имаа среќа. Веќе освоивме се и нема што да изгубиме секој противник натаму ни одговара, изјави селекторот на Грција Ото Рехагел.

“ Пред се, важно беше што фативме приклучок. И покрај тоа што резултатот беше 2:0, се обидовме, неуморно се боревме и постигнавме гол. Одамна веќе реков дека не сме светски прваци. Со многу вештина и среќа и сопствените можности, се изборивме за оваа позиција“

Русинот Димитриј Кириченко, по само 70 секунди игра, го постигна најбрзо дадениот гол со што влезе во историјата на европските првенства.

Фудбалските возбудувања продолжуваат, Хрватска Англија и Швајцарија Франција се двата вечерашни натпревара од групата Б, каде се е отворено за пласман во четвртфиналето

Олимпискиот победник, германецот Јан Урлих, е победник на 68 велосипедски "Тур де свис". Германскиот велосипедист, ја оставри својата прва кружна победа, по триумфот од Вуелта во 1999 година.

Капитенот на тимот на Т-мобил, ја превзема жолтата маичка од швајцарецот Фабијан Јекер, со победата на 25,6 километри долгата патека во Лугано, која ја извозе за 31 минута, 36 секунди и 54 делови од секундата, со што ја обезбеди вкупната предност од 1 секунда и 34 стотинки.

"Не верував дека можев да го достигнам Фабијан, патеката не беше многу тешка, беше добра за возење, дуваше доста ветер во грб во првите 18 километри. На крајот беше тешко и самиот не верував дека ќе успеам да надополнам 41 секунда предност“

Победата на "Тур де свис" му дава дополнителен мотив на Јан Урлих

“Да се освои "Тур де свис" е апсолутен хајлајт во мојата кариера, летото започнува супер за мене и ова е одлична мотивација за "Тур де франс“

Возачот на ферари, германецот Михаел Шумахер, е победник на формула еден трката, која викендов се одржа во Индијанаполис САД. Второто место му припадна на неговиот клупски колега, Рубенс Барикело, со што италијанскиот тим ја оставри шестата двојна победа.

Третото место го освои Такумо Сато од Бар Хонда, а бодови освоија и Јарно Трули од Рено, Оливие Пани од Тојото,Кими Раиконен и Дејвид Култхард од Мекларен.

Возачот на Вилијамс, Ралф Шумахер, за среќа помина без посериозни последици по инцидентот во 11 круг, кога неговиот болид со брзина од 320 километри на час, удри во заштитниот зид.

Двоецот на Ферари, Шумахер и Барикело, се во водство во генералниот пласман со 80 односно 62 бодови. Следната трка на 4 Јули, ќе се вози на патеката Мањикур, во Франција