1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Грција и понатаму се бори со пожарите

*

Пожарникарите во Грција се уште се борат со огнената стихија на југот на земјата. Денеска најкритична е ситуацијата на островот Еубоа, каде огнената линија е долга неколку километри. Грчката влада донесе одлука за итна помош на настраданите во пожарите во висина од 200 милиони евра. Поради катастрофата, владата во Атина е под се‘ поголем притисок дека лошо ја менаџира кризата. Денеска околу две илјади демонстранти во главниот град бараа оставка на владата. Во најтешките пожари со децении, во Грција од петокот досега загинаа 63 лица, а без покрив над главата останаа најмалку три илјади луѓе. Повеќе европски земји и помагаат на Грција во справувањето со пожарите. Денеска свои тимови и хеликоптери испрати Србија. Понудената помош од Македонија е одбиена.