1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Грција и натаму се бори со огнената стихија

Европската Комисија денеска соопшти дека мобилизира дополнителна помош за Грција . Три недели пред парламентарните избори, распалeni и политичките страсти во земјата

default

Aкција за гаснење на пожарот

Најновите пожари кои последниве пет дена беснеат во Грција според проценките на Европската Комисија уништиле подрачја од 1840 квадратни километри. Севкупно годинава , соопшти Комисијата денеска , во Грција опожарени се 2690 квадратни километри , што еднакво на територијата на Луксембург. Од Брисел во таа насока најавија дополнителна помош за грчките власти во обидот да се справат со огнената стихија . Шпанија и Австрија најавиле испраќање на три авиони за гаснење на пожар , со што вкупниот број на вакви наменски летала испратени од земјите од ЕУ , би изнесувал 13 .

Пожарите ги заострија и политичките односи во земјата Повеќе стотици лица протестираа синоќа во главниот град Атина , поради неспособноста на политиката да се справи со катастрофата

Демонстрантите им префрлија на оваа и сите досегашни грчки влади вина за тоа што шпекулантите со градежно земјиште можат непречено да подметнуваат пожари.

Луѓето од погодените подрачја, меѓу нив и Германци кои живеат во Грција, и’ префрлуваат на владата за организаторски хаос. Ролф Енглер од Штутгарт, кој веќе 25 години живее во гратчето Мани на југот на Пелопонес, има намера да замине од Грција. ”Оти, ние секоја година овде имаме вакви пожари и организацијата од страна на државата ни се чини толку слаба, што пожарите веројатно веќе не можат да бидат ставени под контрола” – вели Енглер.

Според него, најголем проблем е што нема резерви од вода за сушниот период. ”Се разбира, се поставува прашањето за причините. Тие се многу едноставни. Веројатно има и подметнување на пожари, но главна причина е што годинава владее страшна суша. Резервите од вода се ограничени и нема принудна обврска за селата да инсталираат резервоари за вода за гаснење пожари. Такво нешто не е предвидено од државата” – укажува Ролф Енглер. Тој забележува и дека е недоволна подршката од воздух во борбата против огнот: ”Тоа не е ни ’капка врз врел камен‘. Би рекол, тоа е колку да се прикрие срамот. Овде имаме потреба од најмалку 50 авиони и хеликоптери”.