1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Грција и меѓународната заедница ја понижуваат Македонија“

Поранешниот премиер на Полска Тадеуш Мазовјецки во разговор за ДВ зборува за спорот околу името, состојбите на Балканот и за германско-полските односи.

„Уште тогаш не сфатив зошто ја понижуваат таа мала земја, оспорувајќи и‘ го правото да се нарекува Македонија. Мислам дека Грците во ова прашање се малку пречувствителни, а меѓународната заедница во основа и натаму ја понижува Македонија со тоа што се согласува со вештачкото име. Јас не се согласувам со тоа“, изјави во интервју за ДВ Тадеуш Мазовјецки, поранешен премиер на Полска.

Мазовјецки на почетокот на 90-тите години на минатиот век беше и специјален пратеник на ОН за Балканот. Како сега гледа на развојот таму?

„Тогашната состојба на Балканот беше пример за тоа, како може негативно да се инструментализира историјата, како може меѓусебно да се засилат непријателствата, наместо да се надминат. Војната заврши, но соживотот меѓу народите на Балканот се’ уште не го сметам за идеален“, вели Мазовјецки.

Една од неговите најголеми заслуги е залагањето за германско-полско разбирање. Тој е пример за тоа дека со дијалог е можно зближување - и сепак да се остане бескомпромисен. Од тогашниот германски канцелар Хелмут Кол во 1989/1990 година издејствува дефинитивно признавање на германско-полската граница од страна на штотуку обединетата Германија. „Вршев притисок врз Кол оти Германците секогаш аргументираа дека пред договорот за границите ќе претходи еден мировен договор, додека сите наоколу знаеја дека нема да има мировен договор. Тоа прашање, со оглед на повторното германско обединување, за Полска беше клучно, оти најголемата политичка сила во Германија, ЦДУ (Христијанско-демократската унија), тогаш не го потврди признавањето на границата по текот на Одра и Ниса од страна на Вили Брант во 1970 година“.

Polen ehemaliger Ministerpräsident Tadeusz Mazowiecki

Маовјецки и Геншер (л.) на средба во МНР во Берлин, на 11 април 2012

Тадеуш Мазовјецки во изјавите честопати се залагаше за меѓусебен сензибилитет во германско-полските односи. „Нашите односи се толку оптоварени од историјата, што се’ уште полесно може да се упропастат, отколку да се градат. Поради тоа, ние во Европа во надминувањето на историјата мораме да осознаеме подлабока смисла. Во Европа, која е комплексна творба од народи, само така е можен траен мирољубив соживот. Во билатералните односи Германците никогаш не смеат да заборават кој и како ја предизвика Втората светска војна и дека сето што потоа уследи, е последица од тоа. А Полска треба да мисли на тоа, дека при принудната преселба на Германците, се случија многу неубави работи. Поради тоа мора да се разбере нивниот човечки бол“, рече Тадеуш Мазовјецки во интервју за ДВ, по повод неговиот 85. роденден.